Даниел Рикардо признава дека се уште се бори да ја прифати реалноста дека не е Победник на Шпанското Гран При. Австралијанецот, кој стартуваше од третата позиција, до половина од трката беше на добар пат да го искористи судирот на Мерцедесите и забележи нова победа во својата кариера.
Стратегијата од три застанувања во бокс го чинеше шанса за победа, додека неговиот тимски колега, Макс Ферстапен, со само две менувања на гуми, успеа да стане најмладиот победник во Формула 1 Шампионатот.
Рикардо, исто така, во претпоследниот круг од трката заработи и дупната гума, кога со сите сили настојуваше да го претекне Себастијан Ветел, за третото скалило од победничкиот подиум. Но, и покрај овој малер, тој успеа да ја премине целната линија на четвртото место.
"Исходот од трката беше фрустрирачки. Дали е лесно да се продолжи напред? Не би рекол дека е лесно, но секако дека може? Апсолутно. Поминаа повеќе дена од трката, но јас се уште се будам со таа мисла. Јас навечер легнувам со таа мисла, исто така и се будам со таа мисла. Тоа ќе потрае одреден период. Дел од мене е среќен што тимот повторно победува, и мислам дека дел од мене е среќен што сите се супер мотивирани и довербата е на високо ниво."
"Но, од лична страна тоа беше големо разочарување. Секако, тоа е тимски спорт, но се тркаме и за себе лично. Сепак, Макс е сериозен Ф1 возач и тоа е всушност навистина добро за мене. Тој е дефинитивно добра мотивација. Кога се приклучив на Ред Бул се натпреварував против Себ и јас сакав да си ги испитам своите можености, а сега Макс е најновиот предизвик за мене и тоа е еден голем предизвик. Добро е што тој го забележа овој успех, бидејќи тоа значи дека може да бидеме на врвот, што е добро не само за мене, туку најверојатно и за нашите кариери."
РИКИАРДО: СЕУШТЕ НЕ МОЖАМ ДА ПОВЕРУВАМ ДЕКА НЕ ПОБЕДИВ ВО ШПАНИЈА
5/22/2016 11:57:00 AM
0
Share to other apps

