Исто како и својот тимски колега, и Розберг имаше блиска средба со бариерите, заискри неговото предно десно тркало, но контактот не беше силен за да го уништи неговиот втор брз круг кој му ја донесе првата стартна позиција. Она што на Хамилтон му го донесе последното место во Топ 10 пласманот е тоа што и во првиот брз круг излета надвор од патеката и забележа екстра бавно време. Како што и самиот тој изјави, со болидот се било во ред, но едноставно денес никако не можел да влезе во вистинскиот ритам од вчерашниот ден. Во првиот обид не успеа да го земе 15-от свиок, додека при вториот обид направи грешка во свиокот 12, место каде никој не го очекуваше тоа.
Q3 сесијата беше прекината со 2:03 минути до нејзиниот крај. Тоа беше врв на хаосот, каде што сите возачи беа на лимитот од своите болиди, на патека каде нема место за грешки. Многубројните жолти знамиња поради излетувања надвор од патеката уништија многу кругови на возачите. Посебна приказна беше Ферстапен и болидите на Вилијамс кои како да имаа нешто против него, при првиот брз круг Маса се обиде да ја искористи неговата завертина на целната рамнина, но исходот беше уништени кругови за двајцата возачи. По рестартот на Q3 сесијата имаше дежа ву со Валтери Ботас, повторно уништени брзи кругови за двајцата нив. Утре на трката треба посебно да внимаваме на болидите на Вилијамс кои се најбрзи на долгите правци и со помош на ДРС-системот може да направат луди потези при максимална брзина.
Серџо Перез заврши со второто најбрзо време поставено при првите излегувања во последната сесија, но тој ќе ја стартува трката од седмата позиција. Единствени кои ги подобрија своите времиња од првиот нивни обид беа Даниел Рикардо и Себастијан Ветел, забележувајќи го третото најбрзо време, со дури четири десетинки заостанување зад болидот на Форс Индија. Фелипе Маса и Данил Квјат ќе стартуваат од третиот ред, пред Серџо Перез и вториот Вилијамс на Валтери Ботас. Топ 10 пласманот го заокружија денешните губитници, едниот не пос своја вина, Макс Ферстапен, додека Луис Хамилтон со грешка по своја вина.
Роман Грожан со болидот на Хас ја имаше најголемата шанса за влез во најбрзите десет, но беше само за една десетика побавен од потребното време, за 11-тата стартна позиција, пред вториот болид на Форс Индија на Нико Хулкенберг, кој имаше големо недоразбирање во радио комуникацијата со својот тркачки инженер. Вториот Торо Росо на Карлос Саинц ЈР. беше 13-ти, пред Мекларенот на Фернандо Алонсо и вториот болид на Хас со Естебан Гутиерез зад воланот. По заглавувањето на Џенсон Батон во Q1 сесијата, Фелипе Наср успеа да го внесе болдиот на Заубер во Q2 за прв пат од Кинеското ГП, одржано во Април месец, но не можеше ништо повеќе од 16-тото најбрзо време.
Тимот на Манор, поради Мерцедес ПЕ ги имаше своите најконкурентни квалификации, но пропуштија да се пласираат во Q2 за помалку од две десетинки од секундата. Рио Харјанто беше незначително побрз од подмладокот на Мерцедес АМГ, Паскал Верлајн. Двајцата беа побрзи од Џенсон Батон, кој заврши на 19-та и Маркус Ериксон на 20-та позиција. Тимот на Рено со кусокот на КС во своите ПЕ, не можеше ништо повеќе од убедливо пласирање на последниот стартен ред.
За добар пласман во Баку не треба само сирова брзина, туку многу среќа и паметно возење. Поради потенцијално многу излегувања на безбедносното возило, виртуелното безбедносно возило, црвени знамиња, многу жолти знамиња, утре ќе има добар пласман оној тим кој ќе ја има најфлексибилната стратегија. Стартот на трката е закажан за 15:00 часот по македонско време.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:42.758
2. Серџо Перез* Форс Индија 1:43.515 + 0.757
3. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:43.966 + 1.208
4. Себастијан Ветел Ферари 1:43.966 + 1.208
5. Кими Раиконен Ферари 1:44.269 + 1.511
6. Фелипе Маса Вилијамс 1:44.483 + 1.725
7. Данил Квјат Торо Росо 1:44.717 + 1.959
8. Валтери Ботас Вилијамс 1:45.246 + 2.488
9. Макс Ферстапен Ред Бул 1:45.570 + 2.812
10. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 2:01.954 +19.196
* пет стратни места поназад
Q2 Најбрзо време: Нико Розберг 1:42.520
11. Роман Грожан Хас 1:44.755 + 2.235
12. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:44.824 + 2.304
13. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:45.000 + 2.480
14. Фернандо Алонсо Мекларен 1:45.270 + 2.750
15. Естебан Гутиерез Хас 1:45.349 + 2.829
16. Фелипе Наср Заубер 1:46.048 + 3.528
Q1 Најбрзо време: Нико Розберг 1:43.685
17. Рио Харјанто Манор 1:45.665 + 1.980
18. Паскал Верлајн Манор 1:45.750 + 2.065
19. Џенсон Батон Мекларен 1:45.804 + 2.119
20. Маркус Ериксон Заубер 1:46.231 + 2.546
21. Кевин Магнусен Рено 1:46.348 + 3.663
22. Џолион Палмер Рено 1:46.394 + 3.709
107% време: 1:50.943
Хамилтон со грешка во најнезгодно време...
Ферстепен и Ботас си ја упропасија последната шанса...
Од Скај Ф1 веднаш да го оправдаат, но запрашан дали ти сметаше сонцето Луис одговори не, јас бев самиот виновен. Како на другите не им засмета само него?!? Но, да беше Македонец и ние ќе си баравме оправдувања...
