"По трет пат ќе стартувам од првиот ред оваа сезона, што е навистина прекрасно, и јас должам голема благодарност до тимот што ми овозможија да имам чиста патека. Мојот прв круг во Q3 не беше како што треба, направив неколку грешки, така што ни беше потребен вториот обид и мило ми е што бев во можност да го добијам."
"Tрката ќе биде навистина интереснa, јас ќе бидам многу изненаден ако испадне досадна и здодевна. Судејќи според ГП2 серијата, трката ќе треба да се преживее, да се биде паметен и да се искористат и добро осмислат потенцијалите на заветрината на целниот правец. Мислам дека ова би можело да биде трка на сезоната, па секако дека ќе имаме забавно попладне. Во просек имаме подобри стартови од Мерцедес АМГ, па ако јас имам добар старт, нема да има премногу тактика, само цел да се добие добра позиција на патеката, а потоа ќе биде стратегиска борба. Со нетрпение го очекувам стартот на трката."
Преостанати сетови на гуми за секој возач поединечно...


