Со третото најбрзо време на овој тренинг заврши Нико Хулкенберг со болидот на Форс Индија, малку пред Себастијан Ветел, кој сесијата ја заврши во чакалот покрај патеката.
По само осум минути од почетокот на сесијата, интервал во кој Розберг го забележа најбрзото време на денот, патеката ја зафати силен дожд. Во текот на првите неколку минути, потопот беше во последниот сектор кај свиоците 8 и 9, додека остатокот од патеката од првиот до седмиот свиок остана сува.
Но, дождот беше проследен со силни ветрови кои го разнесоа дождовниот облак низ целата патека за околу 10 минути. Бурата заврши по речиси половина час, а возачите потоа само чекаа асфалтот доволно да се исуши за да може да излезат за малку акција.
Речиси сите возачи прво излегоа да ги испробаат интемедиа гумите, со само половина час до крајот на сесијата, а Себастијан Ветел беше првиот кој излезе на ултра-маките гуми со нешто помалку од 15 минути до крајот, а веднаш по него следеше неговиот тимски колега, Кими Раиконен, на супер-меките гуми.
Ветел, кој ќе добие казна од 5 стартни места поназад поради промена на менувачот, на крајот заврши на четвртото место на табелата, но и во чакалот покрај патеката при вториот свиок. Претходно и Раиконен имаше слично искуство со прелетување преку чакалот кај петтиот свиок, ја избегна бариерата и со извртување успеа да се врати на патеката. Финецот на крај го имаше осмото најбрзо време, со девет десетинки од секунда побавно темпо од Нико Розберг.
Помеѓу болидите на Ферари се најдоа возачите под договор со Ред Бул, Даниел Рикиардо, Карлос Саинц ЈР. и Макс Ферстапен. Валтери Ботас со Вилијамс и Џенсон Батон со Мекларен го заокружија пласманот на најбрзите 10 возачи.
Возачите на овој тренинг не можеа ништо да научат, а тоа се гледа и по радио конверзацијата во последните мигови од истата помеѓу Алонсо и неговиот тркачки инженер: "Ако сакаш, можеш да останеш на патеката, но ако нема ништо да научиш слободно влези во боксот", на што Алонсо одговори: "Јас последниве час и половина немам што да научам."
Викендот во Австрија продолжува со саботниот тренинг, по кој од 14:00 часот следува Квалификационата сесија.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГA
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:07.967 25
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:07.986 + 0.019 19
3. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:08.580 + 0.615 28
4. Себастијан Ветел Ферари 1:08.589 + 0.622 25
5. Даниел Рикардо Ред Бул 1:08.649 + 0.682 30
6. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:08.715 + 0.746 32
7. Макс Ферстапен Ред Бул 1:08.761 + 0.794 20
8. Кими Раиконен Ферари 1:08.820 + 0.853 23
9. Валтери Ботас Вилијамс 1:08.941 + 0.974 24
10. Џенсон Батон Мекларен 1:08.994 + 1.027 30
11. Фернандо Алонсо Мекларен 1:09.075 + 1.108 26
12. Фелипе Маса Вилијамс 1:09.184 + 1.217 17
13. Данил Квјат Ред Бул 1:09.207 + 1.240 26
14. Серџо Перез Форс Индија 1:09.226 + 1.259 32
15. Кевин Магнусен Рено 1:09.525 + 1.558 19
16. Џолион Палмер Рено 1:10.020 + 2.053 23
17. Паскал Верлајн Манор 1:10.034 + 2.067 20
18. Естебан Гутиерез Хас 1:10.138 + 2.171 16
19. Маркус Ериксон Заубер 1:10.140 + 2.173 19
20. Роман Грожан Хас 1:10.400 + 2.433 31
21. Фелипе Наср Заубер 1:10.444 + 2.477 22
22. Рио Харјанто Манор 1:11.328 + 3.361 25
* 2014: Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:09.542
* 2015: Себастијан Ветел - Ферари - 1:09.600
Излетувањето на Ветел...