Ново радикално задно крило на Мекларен
На стартот од 9-тата рунда во 2016 Шампионатот повторно доминација на Мерцедес АМГ. Нико Розберг добро го започна тркачкиот викенд за Големата Награда на Австрија, забележувајќи го најбрзото време на првиот слободен тренинг, пред Луис Хамилтон кој заостануваше за 3 десетинки зад својот тимски колега. Себастијан Ветел со Ферари, со трето најбрзо време, но дополнителни три десетинки зад Британецот.
Првиот тренинг исполнет со повеќе излетувања надвор од патеката, нормално кога се учат лимитите до каде може да се форсира. Најголемиот инцидент го имаше Макс Ферстапен, кој мораше да го остави болидот покрај патеката и да се вбрати во гаражата на Ред Бул со помош на скутерите на маршалите покрај патеката.
Вториот слободен тренинг кој треба да ни донесе многу порелевантни времиња како показател за перформансите на болидите ќе започне во 14:00 часот по македонско време.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:07.373 37
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:07.730 + 0.357 34
3. Себастијан Ветел Ферари 1:08.022 + 0.649 28
4. Кими Раиконен Ферари 1:08.222 + 0.849 31
5. Даниел Рикардо Ред Бул 1:08.528 + 1.155 35
6. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:08.803 + 1.430 34
7. Фелипе Маса Вилијамс 1:08.824 + 1.451 39
8. Макс Ферстапен Ред Бул 1:08.962 + 1.589 21
9. Дањил Квјат Торо Росо 1:08.990 + 1.617 32
10. Валтери Ботас Вилијамс 1:08.998 + 1.625 40
11. Роман Грожан Хас 1:09.280 + 1.705 34
12. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:09.365 + 1.907 43
13. Џенсон Батон Мекларен 1:09.516 + 1.992 31
14. Фернандо Алонсо Мекларен 1:09.567 + 2.194 30
15. Кевин Магнусен Рено 1:09.707 + 2.334 24
16. Паскал Верлајн Манор 1:09.775 + 2.402 34
17. Џолион Палмер Рено 1:09.851 + 2.478 28
18. Маркус Ериксон Заубер 1:09.929 + 2.556 35
19. Естебан Гутиерез Хас 1:10.314 + 2.737 20
20. Фелипе Наср Заубер 1:10.478 + 3.941 26
21. Рио Харјанто Манор 1:10.493 + 3.120 21
22. Алфонсо Селис Форс Индија 1:10.860 + 3.487 37
* 2014: Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:11.295
* 2015: Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:10.401