Кими Раиконен вели дека не му е јасно како некои може да мислат дека Нико Розберг не ја заслужува Шампионската титула за 2016 сезоната. Некои се сомневаат дека проблемите со болидот го чинеле титула неговиот тимски колега од Мерцедес АМГ, Луис Хамилтон, па затоа фрлаат сомнежи на возачките способности на Нико Розберг и неговата шампионска титула.
Кими Раиконен, кој е шампион од 2007 година за време на неговиот прв престој во Ферари, категорично ги демантира таквите размислувања:
"Тој забележа повеќе поени и јас не разбирам зошто тој не ја заслужува титулата. Розберг и Хамилтон имааа ист болид и тој заврши на врвот на табелата, по фер игра од тоа нема. Тој беше подобар оваа година, тоа е наједноставното и едиствено точно размислување."
КИМИ: НЕ МОЖАМ ДА ПОВЕРУВАМ ШТО СЕ ЧИТАМ ПО МЕДИУМИТЕ
11/30/2016 10:24:00 AM
0
Share to other apps

