Семејството на Раиконен ужуваше во Абу Даби
Денес во Абу Даби, на патеката Јас Марина се одржа финалниот тест на Пирели на 2017 прототипови гуми. На патеката имавме пет Ф1 возачи во три модифицирани болиди на Ферари, Мерцедес АМГ и Ред Бул. Според Пирели сега започнува нивната напорна работа за што подобро анализирање на податоците од сите 24 тест дена и околу 12.000 поминати километри, за да се направат што подобри гуми за следната сезона.
Готовиот производ за прв пат ќе биде тестиран на вистинските 2017 болиди за време на официјалните тест сесии во Февруари. На патеката во Абу Даби беа Кими Раиконен зад воланот на Ферари, Луис Хамилтон и Паскал Верлајн, непланирано во попладневниот дел од сесијата, возеа за Мерцедес АМГ, додека Даниел Рикиардо и Макс Ферстапен ги поделија возачките должности во Ред Бул.
Официјалното соопштение објавено од Пирели беше дека Хамилтон не се чувствувал добро и затоа не продолжил да вози со болидот на Мерцедес АМГ, туку на помош бил повикан Паскал Верлајн. Според неофицијланите шпекулации на Британецот почнало да му се лоши кога почнале да пристигнуваат вести и фотографии од прослава на Шампионските Титули во главното седиште на нивниот спонзор, ПЕТРОНАС, во Куала Лумпур. Атмосферата од Абу Даби и Куала Лумпур ви ја пренесуваме низ фотографии.
ФИНАЛНА ПИРЕЛИ ТЕСТ СЕСИЈА ЗА 2017 ГУМИТЕ







































ПЕТРОНАС ПРОСЛАВА НА ШАМПИОНСКИТЕ ТИТУЛИ

