Три тима, Заубер, Рено и Форс Индија, одржаа презентации на нивните 2017 болиди, додека од тимот на Вилијамс беше објавено компјутерско видео од новиот болид. Од досега виденото останавме разочарани, новите болиди не се толку добри како што многумина се надеваа. Можеби се виновни многубројните FAKE рендерирани слики кои ги преплавија социјалните мрежи. Сепак, заборавивме дека тоа се дела на фанови, кои секогаш ја истакнуваа убавината на спортските правила, додека за инженерите е поважна нивната ефикасност, отколку грижата за тоа како ќе изгледаат однадвор.
Новите болиди се поголеми, со многу поголеми гуми, но нивната елеганција исчезна, судејќи по досега прикажаното. Иако по само 4 болиди, веруваме дека овој тренд ќе продолжи и на останатите болидите.
Единствена позитивна работа е нивната агресивност, поради закосените предни крила, широките гуми на Пирели, страничниот изглед на задните крила. Ќе биде интересно да се видат овие грамади на тесните улични патеки во Монте Карло и Баку каде бариерите се на милиметри до самиот асфалт.
Понекогаш дури и еден детал може да го расипе изгледот на целиот болид, ајде перките над ПЕ не до толку, иако мислиме дека значително го намалуваат видното поле на возачите, но "thumb" носевите на болидите не можеме да ги поднесеме. Кога нешто е грдо, грдо и по толку години од нивното воведување.
Сега, од наредната сезона ќе фали уште ХАЛО-системот за заштита за целосно негативно доживување.
На тимовите под итно треба да им се нареди да се откажат од ваквите проекциите на носеви и перки, па дури тогаш, можеби, ќе ги имаме едни од најспектакуларните Ф1 болиди на сите времиња.
ШТО СЕ СЛУЧУВА СО НОВИТЕ 2017 БОЛИДИ !?!
2/22/2017 05:48:00 PM
0
Share to other apps