На крајот од минатата година, Претседателот на Ферари, Серџо Маркионе, имаше голем број на категорични изјави, дека ако во Ферари не се задоволни од реформите што ги спроведува Либерти Медиа, Италијанскиот тим ќе ја напушти Формула 1.
Ферари е легенда, а кога се борат за Победи во шампионатот е одлично. Ние не ги фаворизираме повеќе од останатите тимови, но нивното значење е единствено и сакаме Ферари да остане во шампионатот. Ние се стремиме да го подобриме спортот, компромисите се можни, но главното нешто за кое не може да се преговара се интересите на фановите.
Мораме да го зголемиме спектаклот на тркачките викенди. Аеродинамиката на болидите не помага, и ми беше кажано дека има и проблеми поврзани со конфигурацијата на некои од патеките. Сепак, првично, нашите приоритети беа поврзани со организационата страна на шампионатот и ние се справивме со тоа.
Сакавме да ја анулираме негативната атмосфера околу Формула 1 шампионатот, на пример, Берни Еклстоун еднаш рече дека нема да ги троши парите за да гледа досадни трки. Сега Формула 1 стана поотворена, за време на тркачките викенди има многу различни настани, цените за билети почнаа да опаѓаат. Сето ова е доказ за промените што се случуваат.