Формула 1 возачите се незадоволни од написите во медиумите дека трките станале многу досадни и ги предупредуваат "кратковидните" критичари на Ф1 дека неинтересни настани се можни како и во секој од останатите спортови. На некои трки нема да се сеќаваме, за разлика од некои кои долго ќе се прераскажуваат.
Себастијан Ветел: "Не знам зошто луѓето се толку кратковидни. Имавме седум трки оваа година, мислам дека некои беа феноменални, а некои беа здодевни."
"Следната недела почнува Светското првенство и ви ветувам дека многу од натпреварите нема да бидат возбудливи, а луѓето сепак ќе ги гледаат, но некои утакмици ќе бидат неверојатни."
Во директна порака до медиумите Германецот вели: "Ако нема причина, не барајте одговори, не измислувајте, не пишувајте ништо. Напишете за нешто друго."
"Мислам дека ние како возачи си ја вршиме нашата работа во болидот и ако ние можеме да се тркаме, се тркаме, но очигледно, ја работиме и нашата работа внатре во кокпитот и секогаш се обидуваме да избегнеме дуели. Исчезни од видикот на болидот зад тебе, остани напред, а некогаш треба да не се дозволи да бидеш претекнат. Затоа некои трки се возбудливи, а други не се."
Валтери Ботас: "Не дека ние имаме многу време и се досадуваме во болидот. Секогаш има нешто да се направи, и ние треба да бидеме 100% концентрирани за време на целата трка. Ќе има добри трки, за тоа нема сомневање."
" Сега се погоди да имаме само неколку трки по ред на кои не се случуваше многу за гледачите, но, досега оваа година има повеќе возбудливи трки, кои беа неверојатни за гледање. Сигурен сум дека повторно ќе гледаме добри трки."
Ф1 ВОЗАЧИТЕ ВЕЛАТ - НЕ БАРАЈТЕ ПРЕКУ ЛЕБ ПОГАЧА
6/11/2018 03:08:00 PM
0
Share to other apps



