Германецот беше далеку најбрз и најстабилен на денешната трка и со старт од Пол позицијата безбедно стигна до својата 50-та Победа во Формула 1.
Валтери Ботас финишираше на второто место и повторно покажува дека не е топ возач, нема агресивност во неговото возење, нема коцкање.
Болидите на Ред Бул, особено Макс Ферстапен кој ја имаше надградената Рено ПЕ, за разлика од својот тимски колега, успеаа да ги задржат зад себе болидите на Мерцедес АМГ и Ферари.
На стартот од трката Себастијан Ветел го задржа водството по првиот свиок, а борбата се одвиваше зад него, каде Ферстапен имаше многу подобар старт од Ботас, се протна покрај Мерцедесот, но, изгледа научи нешто по последните негови судири, не ризикуваше премногу, па Финецот успеа да остане на второто место. Понатаму во редоследот Луис Хамилтон го задржа четвртото место, но, Даниел Рикиардо успеа да го претекне Кими Раиконен за петтото место.
Да не биде се така едноставно на стартот се погрижи домаќинот, Ленс Строл, кој ја изгуби контролата врз својот болид при 5-от свиок и заврши во болидот на Брендон Хартли од Торо Росо, притискајќи го во ѕидот покрај патеката. Судирот беше голем и остатоците беа расфрлени низ патеката додека двата болиди се лизгаа кон зоната за излетување.
Веднаш беше распоредено и Безбедносното Возило. Двајцата возачи беа однесени во медицинскиот центар, а потоа Хартли бил испратен на дополнителни прегледи во болница. ПРИЧИНА - Поголем Удар со главата во ХАЛО-системот!!!
Кога трката беше рестартирана, на крајот од 4-от круг, редоследот остана непроменет на врвот, но, надолу во поредокот имаше контакт помеѓу Серџо Перез и Карлос Саинц Јр.. Мексиканецот излета надвор од патеката, но успеа да се врати назад, но беше далеку назад на 14-тото место.
Ветел набрзо започна да ја зголемува разликата до Ботас, која ја донесе и ја контролираше на околу 5-6 секунди. Зад него голем број возачи, кои стартуваа на хипер-меката смеша, веќе после 10-от круг започнаа да чувствуваат проблеми со истите и набрзо потоа започнаа да ги менуваат за супер-меката смеша на Пирели.
Од нив најдолго на патеката останаа возачите на Ред Бул, а Даниел Рикиардо дури започна да го стигнува Луис Хамилтон кој беше со ултра-меките гуми и разликата помеѓу нив во 16-от круг изнесуваше 0.7 секунди.
Британецот имаше очигледни проблеми со неговиот болид и неговиот тркачки инженер реши да го повика во бокс за промена на гумите и дополнително подесување на ладењето на ПЕ.
На овој потег, веднаш реагираа од тимот на Ред Бул, со истовремено повикување во бокс на Макс Ферстапен. Двајцата возачи излегоа на супер-меката смеша.
Даниел Рикиардо остана еден круг повеќе на патеката, го извади максимумот од РБ14 и по менувањето гуми успеа да излезе пред Хамилтон.
Напред Ветел продолжуваше со бележење на брзи времиња, одржувајќи ја стандардната разлика пред Ботас. Двајцата беа побрзи од возачите кои ги променија гумите, па логиката налагаше да останат на патеката.
Кими Раиконен беше трет, но, никако не успеваше да направи доволна разлика за безбеден пит-стоп пред возачите на Ред Бул и Луис Хамилтон. Па, кога се реши да влезе во бокс, Финецот излезе на 6-тото место зад Британецот.
Од водечката двојка прв мораше во бокс Валтери Ботас, кој исто така ги зеде супер-меките гуми, па потоа Себастијан Ветел имаше мирен пит-стоп за водечката позиција.
Потоа трката повторно се врат на својот мирен тек, Ветел имаше 6 секунди предност во однос на Ботас, додека Мерцедесот беше 5,9 секунди пред Ферстапен. Рикиардо беше четврти, седум секунди зад неговиот тимски колега, но, само нешто повеќе од една секунда пред Хамилтон.
Така остана се до последните четвртина на трката кога Британецот започна да го лови Рикиардо, но, сообраќајот на патеката не дозволи оваа борба да се разгори до максимум. Хамилтон се откажа на три круга до крајот, кога Австралијанецот излезе на чист воздух и започна да бележи најбрзи времиња на трката.
На крајот имаше конфузија околу финишот на трката, кога од страна на супер-моделот Вини Харлоу еден круг прерано беше развеано карираното знаме. Сепак, тоа не било нејзина вина, туку на маршалот задолжен за нејзина асистенција.
Себастијан Ветел неколку секунди подоцна, ја премина целната линија за да ја забележи неговата 50-та Ф1 Победа и прва за Ферари на патеката Жил Вилнев по пауза од 14 години.
Валтери Ботас беше втор, пред Макс Ферстапен на трето последно скалило од победничкиот подиум. Даниел Рикиардо се одбрани од Луис Хамилтон за 4-тото место, со Кими Раиконен на шесто пред Нико Хулкенберг, Карлос Саинц Јр., Естебан Окон. Последниот поен му припадна на Чарлс Леклерк од Заубер.
Голема Награда на Канада, Монтреал
68 круга, 305.270км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Себастијан Ветел Ферари 1ч28:31.377
2. Валтери Ботас Мерцедес АМГ + 7.376
3. Макс Ферстапен Ред Бул + 8.360
4. Даниел Рикиардо Ред Бул + 20.892
5. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 21.559
6. Кими Раиконен Ферари + 27.184
7. Нико Хулкенберг Рено + 1 круг
8. Карлос Саинц Јр. Рено + 1 круг
9. Естебан Окон Форс Индија + 1 круг
10. Чарлс Леклерк Заубер + 1 круг
11. Пјер Гасли Торо Росо + 1 круг
12. Роман Грожан Хас + 1 круг
13. Кевин Магнусен Хас + 1 круг
14. Серџо Перез Форс Индија + 1 круг
15. Маркус Ериксон Заубер + 2 круга
16. Штофел Вандорн Мекларен + 2 круга
17. Сергеј Сироткин Вилијамс + 2 круга
2014 Д.Рикиардо - Ред Бул - 1ч39:12.830
2015 Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч31:53.145
2016 Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч31:05.296
2017 Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч33:05.154
2018 С.Ветел - Ферари - 1ч28:31.377
Најбрз Круг: Макс Ферстапен - 1:13.864
БЕЗ ПЛАСМАН:
Возач Тим
Фернандо Алонсо Мекларен
Брендон Хартли Торо Росо
Ленс Строл Вилијамс
Генерален Пласман по 7 трки:
ВОЗАЧИ:
1. Себастијан Ветел 121
2. Луис Хамилтон 120
3. Валтери Ботас 86
4. Даниел Рикиардо 84
5. Кими Раиконен 68
6. Макс Ферстапен 50
7. Фернандо Алонсо 32
8. Нико Хулкенберг 32
9. Карлос Саинц ЈР. 24
10. Кевин Магнусен 19
11. Пјер Гасли 18
12. Серџо Перез 17
13. Естебан Окон 11
14. Чарлс Леклерк 10
15. Штофел Вандорн 8
16. Ленс Строл 4
17. Маркус Ериксон 2
18. Брендон Хартли 1
КОНСТРУКТОРИ:
1. Мерцедес АМГ 206
2. Ферари 189
3. Ред Бул 134
4. Рено 56
5. Мекларен 40
6. Форс Индија 28
7. Торо Росо 19
8. Хас 19
9. Заубер 12
10. Вилијамс 4




