Тимот на Ред Бул Рејсинг денес официјално објави дека постигнале договор со Хонда за снабдување на тимот со ПЕ за следните две сезони, т.е. 2019 и 2020 година. Тимот ќе продолжи да се натпреварува под името Астон Мартин Ред Бул Рејсинг. Со ова, сегашната 2018 година ќе означи прекин на 12-годишната соработка на тимот со тековниот снабдувач на ПЕ - РЕНО.
Кристијан Хорнер изјави: "Овој повеќегодишен договор со Хонда го поттикнува почетокот на возбудлива нова фаза во напорите на Ред Бул да се натпреварува не само за победите на трките, туку да се размислува за она што е нашатa цел - шампионските титули. Овој тип на одлуки отсекогаш сме ги носеле непристрасно и со само еден критериум во предвид, т.е. веруваме дека исходот ќе ни овозможи да се натпреваруваме на повисоко ниво."
"По внимателно разгледување и евалуација, ние сме сигурни дека ова партнерство со Хонда е вистинската насока за тимот. Ние сме импресионирани од посветеноста на Хонда кон Формула 1, со брзите чекори напред што ги направија во последно време со нашиот сестрински тим на Торо Росо и од обемот на нивната амбиција, што одговара на нашите. Со нетрпение очекуваме да работиме со Хонда во наредните години и заедно да се тркаме за највисоките награди на Формула 1 Шампионатот."
Францускиот производител ја потврди новоста со сопствено соопштение.
"Две години по враќањето на Рено како фабрички тим, сметаме дека ова е природна еволуција и за Рено и за Ред Бул Рејсинг, во поглед на нивните аспирации."
"Во исклучително тешки и конкурентни услови ние сме горди на извонредните резултати постигнати со Ред Бул во изминатите 12 сезони, а особено со четирите Шампионски Титули кај возачи и конструктори и 57-те Победи што ги забележавме заедно."
"По две сезони од нашиот кам-бек, ние сме целосно фокусирани на развојот на сопствениот тим, Рено Спорт Ф1, но истовремено продолжуваме да ги негуваме новите релации со тимот на Мекларен.
РЕД БУЛ ГО ОТКАЧИ РЕНО, ЗАПОЧНУВА НОВА ЕРА СО ХОНДА
6/19/2018 11:02:00 AM
0
Share to other apps

