Низ Ф1 падокот се шпекулира дека е многу веројатно на крајот од сезоната Фернандо Алонсо да ја заврши својата кариера во Формула 1.
Според гласините, во Мекларен се подготвени да му понудат на Даниел Рикардо 20 милиони долари годишно, но Австралијанецот сеуште нема одлучено каде ќе ја продолжи својата кариера, а на маса веќе има неколку опции.
Хелмут Марко, консултантот на Ред Бул, вели: "Нашиот Даниел Рикиардо е најбаран на трансфер пазарот. Од Мекларен секоја недела ја зголемуваат нивната понуда. Но, Даниел не сака да потпише ниту еден договор сé додека Хамилтон не го потпише неговиот. Малку е чудно, но се надевам дека целата оваа ситуација наскоро ќе биде решена."
Даниел Рикиардо демантира дека до него стигнале конкретни понуди од Мекларен и дека се зависи од одлуката на Фернандо Алонсо, дали тој ќе остане или ќе си оди.
"Ако тој замине, тимот ќе има потреба од искусен возач, па да видиме како ќе се одвиваат работите. Имам потреба многу внимателно да ја согледам целосната слика на состојбите и перформансите на повеќе тимови."
"Рено направи добра работа со својата ПЕ. Да, ние немаме квалификациски мод на моторот, но, во тркачко темпо, кога е потребно да се штеди горивото, ние сме многу поконкурентни.''
"Се чини дека и Хонда прави добра работа со Торо Росо. Двата производители се во нагорна линија, но, на крајот кој ќе биде побрз. Во Ред Бул веруваат дека тоа е Јапонскиот автомобилски магнат. Лично, би сакал да ја знам мојата иднина пред летната пауза."
МЕКЛАРЕН СО ПОНУДА ДО ДАНИЕЛ РИКИАРДО
6/21/2018 03:57:00 PM
0
Share to other apps


