Луис Хамилтон имаше добар старт од Пол позицијата, и по првиот свиок успеа да го задржи зад себе Макс Ферстапен, возачот на Ред Бул. Себастијан Ветел, кој стартуваше од третата позиција, исто така, имаше одличен старт и како резултат на тоа беше во можност да го претекне младиот Холанѓанец низ 7-от свиок, земајќи го второто место.
Надолу во поредокот, тимските колеги од Форс Индија, Естебан Окон и Серџо Перез, повторно имаа судир, по кој Французинот заврши во бариерите покрај патеката во третиот свиок. Како резултат беше воведено безбедносното возило.
При рестартот на трката, при крајот на 4-от круг, водечката тројка ги задржа своите места, Хамилтон беше лидер на трката пред Ветел и Ферстапен, по што следуваше вториот Мерцедес на Валтери Ботас на четвртото место пред Кими Раиконен од Ферари и вториот Ред Бул на Даниел Рикиардо, кој ја задржа својата позиција од стартот.
Следуваше мирен период на трката, а нејзиниот ритам беше нарушен со првите влегувања за промена на хипер-меката смеша. Првиот потег беше на Ферари, кога во 14-от круг беше повикан Ветел, и при тоа се врати назад на патеката со ултра-меката смеша на Пирели.
Стратегистите на Мерцедес АМГ веднаш одговорија на крајот од следниот круг, но Хамилтон беше вратен назад на меки гуми. Британецот го задржа водството пред Ветел, кој се најде себеси зад бавниот болид на Серџо Перез.
Тоа го искористија во тимот на Ред Бул, имаа добар пит-стоп за Макс Ферстапен, кој исто така се врати на меките гуми и пред Ферарито на Себастијан Ветел. Германецот наскоро по тимското радио пренесе до својот тим дека неговите ултра-меки гуми нема да издржат до крајот на трката, по што возачот на Ферари беше принуден да се повлече зад Макс и да ги штеди своите гуми до крајот на трката.
Потоа трката повторно започна да тече без некои поголеми случувања, освен нервозниот потег на Перез кон Сироткин и претекнувањата на Хамилтон и Ферстапен на заостанати болиди кои беа во блиска борба, по што Холанѓанецот доби одредена шанса да го претекне Британецот, но лидерот на трката добро се одбрани и разликата набрзо се зголеми на регуларните 3.5 секунди.
Хамилтон со леностија го контролираше темпото и по 61 круга ја преминал целната линија за да ја забележи неговата 69-та Ф1 Победа. Зад него редоследот остана непроменет, Ферстапен пред Ветел, Ботас, Раиконен и Рикиардо. Фернандо Алонсо беше седми за Мекларен, а Карлос Саинц Јр. беше осми пред Чарлс Леклерк и вториот Рено на Нико Хулкенберг.
2018 СИНГАПУР ГРАН ПРИ - МАРИНА БЕЈ 61 круга, 308.706км., Време: Суво/Ноќна трка |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1ч51:11.611 |
2. | Макс Ферстапен | Ред Бул | + 8.961 |
3. | Себастијан Ветел | Ферари | + 39.945 |
4. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 51.930 |
5. | Кими Раиконен | Ферари | + 53.001 |
6. | Даниел Рикиардо | Ред Бул | + 53.982 |
7. | Фернандо Алонсо | Мекларен | + 1:41.665 |
8. | Карлос Саинц ЈР. | Рено | + 1 круг |
9. | Чарлс Леклерк | Заубер | + 1 круг |
10. | Нико Хулкенберг | Рено | + 1 круг |
11. | Маркус Ериксон | Заубер | + 1 круг |
12. | Штофел Вандорн | Мекларен | + 1 круг |
13. | Пјер Гасли | Торо Росо | + 1 круг |
14. | Ленс Строл | Вилијамс | + 1 круг |
15. | Роман Грожан* | Хас | + 1 круг |
16. | Серџо Перез | Форс Индија | + 1 круг |
17. | Брендон Хартли | Торо Росо | + 1 круг |
18. | Кевин Магнусен | Хас | + 2 кругa |
19. | Сергеј Сироткин | Вилијамс | + 2 кругa |
НАЈБРЗ КРУГ: КЕВИН МАГНУСЕН - 1:41.905 | |||
БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
20. | Естебан Окон | Форс Индија | судир |
* 5 сек. казна - непочитување плави знамиња
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 2ч00:04.7952015 Себастијан Ветел - Ферари - 2ч01:22.118 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч55:48.950 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 2ч03:23.544 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч51:11.611 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
***ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ПО 15 ТРКИ*** | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Луис Хамилтон | 281 | |
2. | Себастијан Ветел | 241 | |
3. | Кими Раиконен | 174 | |
4. | Валтери Ботас | 171 | |
5. | Макс Ферстапен | 148 | |
6. | Даниел Рикиардо | 126 | |
7. | Нико Хулкенберг | 53 | |
8. | Фернандо Алонсо | 50 | |
9. | Кевин Магнусен | 49 | |
10. | Серџо Перез | 46 | |
11. | Естебан Окон | 45 | |
12. | Карлос Саинц ЈР. | 38 | |
13. | Пјер Гасли | 28 | |
14. | Роман Грожан | 27 | |
15. | Чарлс Леклерк | 15 | |
16. | Штофел Вандорн | 8 | |
17. | Маркус Ериксон | 6 | |
18. | Ленс Строл | 6 | |
19. | Брендон Хартли | 2 | |
20. | Сергеј Сироткин | 1 | |
КОНСТРУКТОРИ: | |||
1. | Мерцедес АМГ | 452 | |
2. | Ферари | 415 | |
3. | Ред Бул | 274 | |
4. | Рено | 91 | |
5. | Хас | 76 | |
6. | Мекларен | 58 | |
7. | Форс Индија(нов сопственик) | 32 | |
8. | Торо Росо | 30 | |
9. | Заубер | 21 | |
10. | Вилијамс | 7 | |
ДКВ | Форс Индија(стар сопственик) | 52 |