На стартот, Кими Раиконен со одличен маневар успеа да го претекне Хамилтон, кој стартуваше од Пол позицијата, и го презеде водството по првиот свиок. Зад нив, Даниел Рикиардо кој стартуваше од 4-тата позиција, беше нападнат од Себастијан Ветел.
Како по навика оваа сезона Германецот не успева да изработи чисто претекнување и следеше контакт со возачот на Ред Бул по што следеше ново извртување и паѓање далеку во поредокот, т.е. 15-тото место. Австралијанецот успеа да го задржи четвртото место.
Поназад на стартниот грид, главна звезда беше Макс Ферстапен, кој стартуваше од 18-тата позиција, за до крајот на првиот круг се најде на 14-тото место, а во текот на следните осум круга се искачи на петтото место, нешто помалку од седум секунди зад тимскиот колега, Даниел Рикиардо.
Набргу потоа добива едно место гратис, кога болидот на Австралијанецот на крајот од 9-от круг реши дека му е доста од трката и комплетно се угаси. Рикиардо мораше да го паркира Ред Булот покрај патеката, по што беше воведено ВБВ.
Тркачкиот инженер на Луис Хамилтон се реши да го повика Британецот во бокс за промена на гумите, по што се врати назад со нови меки гуми и веднаш пред Ферстапен, т.е. 3-то место.
Хамилтон потоа се врати на второто место, кога Ботас му дозволи да го претекне во 13-от круг. (13-ката е навистина баксузен број во Ф1, кој со право се избегнува во овој спорт. Кога правиш нешто никако не прави го тоа ако е поврзано со овој број!!!)
Ветел, во меѓувреме, успева да се искачи на петтото место, во 15-от круг, 22 секунди зад неговиот тимски колега и 9 секунди зад Ферстапен.
Хамилтон, со новите меки гуми, почна брзо да ја намалува на Раиконен и во 17-от круг таа беше само 2.4 секунди. Сепак, во текот на следните пет кругови, Раиконен се бранеше и го успоруваше Британецот, што му овозможи на Ветел да се приближи до водечката четворка.
Кога Раиконен на крајот од 21-от круг конечно се предаде и се упати во бокс, Германецот беше 12-тина секунди зад новиот лидер во трката Луис Хамилтон, но, сепак имаше потреба да влезе во бокс. Откако таа обврска ја завршија и Ферстапен, и Ветел, поредокот беше Хамилтон во водство пред Раиконен, Ферстапен, Ботас и Ветел.
Кими Раиконен започна да ја намалува разликата до Хамилтон и помеѓу круговите 30 и 33 тој дефицитот од 16.3 секунди го намали на 13.7 секунди. Ферстапен, исто така, почна да се доближува до Раиконен и во 35-от круг тој беше само 3.9 секунди зад Финецот.
Времињата по круг на Хамилтон продолжија да опаѓаат, по што тој беше принуден на повторна замена на меките гуми со нов сет од истите. Овој потег го врати Кими Раиконен на лидерската позиција, пред Ферстапен и Ботас.
Лидерот во Шампионатот се врати на четвртото место пред својот ривал, Себастијан Ветел, и набрзо беше повторно пропуштен од својот тимски колега на третото место. Тој сега беше нешто под девет секунди зад Ферстапен, кој пак беше 2.3 секунди зад Раиконен.
Финецот се обидуваше да ја контролира трката, штедејќи ги гумите и гориво. Сепак, на пет круга до крајот водечката тројка беше многу блиску. Кими беше само 1.1 секунди пред Ферстапен, но Холанѓанецот мораше да гледа во своите ретровизори, бидејќи Хамилтон исто така беше зад него и тоа во опсег на ДРС-системот.
Зад нив Ветел беше уште петти и не можеше да најде начин да го претекне Ботас. Луис Хамилтон знаеше дека за да ја осигура Шампионската Титула му е потребно да го претекне Макс Ферстапен за второто место.
Тој се обиде да го направи тоа во претпоследниот круг, кога младиот Холанѓанец отиде прешироко низ 12-от свиок, следуваше блиска борба низ следните неколку свиоци, но се тоа без успех по Британецот.
Истата шанса ја доби Ветел со Ботас, но тој успешно го помина Финецот во редовите на Мерцедес АМГ за 4-тото место.
На крајот Кими Раиконен ја забележа својата прва Победа по извозени 113 трки, пред Ферстапен, Хамилтон и Ветел. Ботас заврши петти пред возачите на Рено, Нико Хулкенберг и Карлос Саинц Јр..
Меѓутоа, додека осмото и деветтото место првично им припаднаа на Естебан Окон од Форс Индија и Кевин Магнусен од Хас, и двајцата подоцна беа дисквалификувани. Естебан Окон поради нерегуларност со протокот на гориво во првиот круг на трката, Кевин Магнусен за користење повеќе од дозволените 105 килограми гориво во текот на трката. Неверојатни 100 грама!!!
Дисквалификацијата значеше дека на овие места ги наследија Серџо Перез во вториот болид на Форс Индија и Брендон Хартли од Торо Росо. Десеттото место кое го носи последниот поен беше наследено од Маркус Ериксон од Заубер.
Третото место на Хамилтон, и четвртото место на Ветел, значи дека битката за титулата продолжува на следната трка во Мексико, при што Хамилтон носи водство од 70 поени патеката Браќа Родригез веќе следниов викенд.
Голема Награда на Соединетите Држави, Патека на Америките 53 круга, 308.965км., Време: Сончево. |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
1. | Кими Раиконен | Ферари | 1ч34:18.643 |
2. | Макс Ферстапен | Ред Бул | + 1.281 |
3. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | + 2.342 |
4. | Себастијан Ветел | Ферари | + 18.222 |
5. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 24.744 |
6. | Нико Хулкенберг | Рено | + 1:27.210 |
7. | Карлос Саинц ЈР. | Рено | + 1:34.994 |
8. | Естебан Окон* | Форс Индија | + 1:39.288 |
9. | Кевин Магнусен* | Хас | + 1:40.657 |
10. | Серџо Перез | Форс Индија | + 1:41.080 |
11. | Брендон Хартли | Торо Росо | + 1 круг |
12. | Маркус Ериксон | Заубер | + 1 круг |
13. | Штофел Вандорн | Мекларен | + 1 круг |
14. | Пјер Гасли | Торо Росо | + 1 круг |
15. | Сергеј Сироткин | Вилијамс | + 1 круг |
16. | Ленс Строл | Вилијамс | + 2 круга |
НАЈБРЗ КРУГ: ЛУИС ХАМИЛТОН - 1:32.318 | |||
БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
17. | Чарлс Леклерк | Заубер | дефект |
18. | Даниел Рикиардо | Ред Бул | дефект |
19. | Роман Грожан | Хас | дефект |
20. | Фернандо Алонсо | Мекларен | дефект |
*ДИСКВАЛИФИКАЦИЈА
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч40:04.7852015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч50:52.703 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч38:12.618 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч33:50.991 2018 Кими Раиконен - Ферари - 1:34:18.643 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
***ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ПО 18 ТРКИ*** | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Луис Хамилтон | 346 | |
2. | Себастијан Ветел | 276 | |
3. | Кими Раиконен | 221 | |
4. | Валтери Ботас | 217 | |
5. | Макс Ферстапен | 191 | |
6. | Даниел Рикиардо | 146 | |
7. | Нико Хулкенберг | 61 | |
8. | Серџо Перез | 57 | |
9. | Кевин Магнусен | 53 | |
10. | Фернандо Алонсо | 50 | |
11. | Естебан Окон | 49 | |
12. | Карлос Саинц ЈР. | 45 | |
13. | Роман Грожан | 31 | |
14. | Пјер Гасли | 28 | |
15. | Чарлс Леклерк | 21 | |
16. | Штофел Вандорн | 8 | |
17. | Маркус Ериксон | 7 | |
18. | Ленс Строл | 6 | |
19. | Брендон Хартли | 4 | |
20. | Сергеј Сироткин | 1 | |
КОНСТРУКТОРИ: | |||
1. | Мерцедес АМГ | 563 | |
2. | Ферари | 497 | |
3. | Ред Бул | 337 | |
4. | Рено | 106 | |
5. | Хас | 84 | |
6. | Мекларен | 58 | |
7. | Форс Индија(нов сопственик) | 47 | |
8. | Торо Росо | 32 | |
9. | Заубер | 28 | |
10. | Вилијамс | 7 | |
ДКВ | Форс Индија(стар сопственик) | 52 |