Следната година, Ф1 гумите на Пирели ќе имаат само три бои. На секоја трка, тие секогаш ќе бидат обележани со исти бои - бела, жолта и црвена, кои ќе ги означуваат тврдите, медиум и меките избори на гуми.
Но, тоа не значи дека ќе има само три смеши, туку тврдите, медиум и меки гуми ќе продолжат да варираат за да одговараат на различните карактеристики на секоја патека. На пример, црвените меки за Монако ќе се разликуваат значително од црвените меки за Силверстоун или Сузука.
Точниот број на достапни смеши, ќе бидат дополнително објавени во декември по хомологацијата од ФИА. Пред секоја трка, Пирели ќе ги објавува точните смеши од кои се направени тврдите, медиум и меките гуми.
Овој нов систем е направен за да го олесни осознавањето на разликите меѓу гумите за обичниот Ф1 навивач, но сепак им овозможува и на фановите кои сакаат повеќе детали да знаат кои специфични смеши се достапни.
Боите за Интермедиа и гумите за целосно влажно време остануваат непроменети и следната година, т.е ќе останат зелени и плави, соодветно.
2019 СЕЗОНА - ПИРЕЛИ ЌЕ РАСПОЗНАВА САМО ТРИ БОИ
10/20/2018 01:56:00 PM
0
Share to other apps