"Знаев дека би можел да се борам за Пол! Макс од самиот почеток на викендот беше убедлив и покажа дека нашиот болид има брзина, а во квалификациите, како и секогаш, многу е важно да се комплетира брз круг со што помалку грешки. Не можам да кажам дека сум изненаден од Пол позицијата, но сфатив дека морав да извозам круг без ниту една грешка."
"Ферари и Мерцедес АМГ имаа предност во првите два сектора, а во третиот бевме побрзи, и таму успеав да го победам Макс. Јас направив се што е во моја моќ и кругот беше совршен. Моите честитки до тимот, денес го освоивме првиот стартен ред, навистина е одлично чувство!!!"