На првиот ден, Колумбијката се фокусираше на подесување на болидот, додека вчера на програмата беа симулации на квалификации и трка.
Во тимот на Заубер се задоволни од нејзините перформанси, како и од константните времиња по круг, како и прикажаната посветеност и издржливост.
Најбрзото забележано време за еден круг беше 58.802 секунди со промотивните гуми на Пирели, при температура на воздухот од 4°-8°C и на асфалтот од 7°-11°C.
Татјана Калдерон: "Изминатите два дена беа многу корисни за мојот развој и јас стекнав драгоцено искуство. Тимот направи одлична работа во подготовката, како и спроведувањето на мојата тест програма. Јас се чувствував удобно во болидот, како и на патеката. Со нетрпение очекувам она што го научив овде, да го спроведам во пракса."
— Escudería Telmex (@escuderiatelmex) November 17, 2018