Логото на Орлен ќе се појави на 2019 болидот, на опремата на Роберт Кубица и на целиот тимски персонал. Ова е најголемиот договор за спонзорство во историјата на Полските компании, по донесената одлука компанијата да се промовира и во други земји, бидејќи 60 отсто од приходите се генерирани надвор од Полска.
Формула 1 Шампионатот е една од најмоќните рекламни платформи во светот. Трки се одржуваат во 21 земја, а се пренесуваат директно на повеќе од 200 ТВ станици.
Кубица своето деби во Формула 1 го имаше во 2006 година и има забележано една Победа во својата кариера, на 2008 Канадското ГП. Тој има 12 пласмани на Победничкиот подиум во 76 трки.
Последен пат се натпреваруваше во Формула 1 во 2010 година, а во 2011 година имаше страшна несреќа за време на релито во Италија, па како резултат на повредите тој мораше да се повлече од Ф1.(ЛИНК)
2019 Австралија ГП-то ќе биде негова нова пресвртница, негово враќање во Ф1 по еден период на долго и тешко закрепнување, како на физички, така и на психолошки план. Успешно завршена приказна и едно од најневеројатните враќања во историјата на Формула 1.
Роберт Кубица знае дека ќе треба да ги потврди своите можности на патеката и да покаже дека го заслужи возачкото место и довербата што му ја даде тимот на Вилијамс.
Официјалното соопштение дека Роберт Кубица ќе биде тимски колега на Џорџ Расел од Вилијамс се очекува на прес-конференција во Абу Даби, на патеката каде што го Полјакот ја имаше својата последна Ф1 трка во ноември 2010 година.
UPDATE: Како што најавивме во текот на вчерашниот ден, денес Вилијамс Ф1 тимот и официјално потврди дека Роберт Кубица се враќа на Ф1 патеките како нивни возач и тимски колега на Џорџ Расел.
Роберт Кубица: "Прво, би сакал да им се заблагодарам на сите што ми помогнаа за време на тешкиот период од мојот живот во последните неколку години. Беше тешка задача да се вратам во Формула 1, но она што изгледаше речиси невозможно сега почнува да се чувствува можно. Многу сум возбуден што можам да кажам дека ќе бидам во Формула 1 во 2019 година."
"Беше тежок и долг пат за да се дојде до оваа точка, но сега кога овој предизвик се завршува со оваа објава, започнува нов предизвик на патеката со Вилијамс. Тоа нема да биде лесно, но со напорна работа и посветеност, Џорџ и јас ќе работиме заедно за да се обидеме да му помогнеме на тимот да дојде во подобра форма за да напредува во поредокот. Оваа година беше тешка, но научив многу, и би сакал да му се заблагодарам на Сер Френк и Клер за оваа можност."
"Враќањето во Ф1 ќе биде едно од најголемите достигнувања во мојот живот и сигурен сум дека со напорна работа и посветеност ќе можеме да помогнеме да се мотивира тимот да постигне добри работи. Ви благодарам повторно на сите што ме поддржувавте и верувавте во мене. Јас конечно ќе се вратам зад воланот на еден Ф1 болид, и со нетрпение очекувам да се вратам на трките."
Клер Вилијамс, заменик-директор на тимот, рече: "Среќнa сум што можам да објавам дека Роберт ќе биде тимски колега на Џорџ во 2019 година. Сите ние во Вилијамс бевме неизмерно импресионирани од она што тој го постигна, и тоа е одлична препорака на неговиот силен карактерот и издржливост за да се врати во Формула 1."
"Во текот на оваа сезона неговата посветеност кон тимот и работата што ја направи зад кулисите е импресивна, и тој стана многу почитуван член на тимот на Вилијамс. Тој има неверојатно ниво на решителност и тој навистина го отелотворува борбениот дух на Вилијамс. Имајќи ја конзистентноста на Роберт неговата нова улога, ќе биде важен чекор за нас, додека се обидуваме да напредуваме во поредокот."
"Јас сум, исто така, сум возбудена што имаме спој на младост и искуство за да нè воведе во 2019 година и со нетрпение очекуваме да видиме што можат да постигнат на патеката. Исто така, би сакала да им се заблагодарам на Ленс и Сергеј за нивната напорна работа во она што беше предизвикувачка сезона. Ние им посакуваме се најдобро за нивните идни кариери."
Фановите на Кубица нема да мора да чекаат долго за неговото следно појавување зад воланот, тој треба да вози на првиот тренинг за ГН на Абу Даби и да ги сподели возачките задачи со Џорџ Расел за една недела на тест сесијата на Пирели на Јас Марина.