Денес пристигна официјално соопштение од Либерти Медиа и градот Ханој дека постигнале повеќе-годишен договор за одржување на Голема Награда на Виетнам од април 2020 година. Како прва нова трка воведена од Либерти Медиа, Виетнамското Гран При претставува цврста определба на Формула 1 кон Азискиот регион и дел од долгорочната стратегија на Американците за проширување на овој мотоспорт на нови места и негово представување до нова публика низ целиот свет.
Промотор на трката ќе биде Вингруп, Виетнамски конгломерат од областа на продажба на недвижности. Чејс Кери денес е во Ханој каде ќе се приклучи на раководството на градот Ханој и промотерот Вингруп каде во Цитаделата Ханој, една од најпознатите обележја на градот, ќе се одржи церемонија за прослава на оваа вест.
Чејс Кери, изјави: "Ние сме среќни што најавуваме дека Ханој ќе биде домаќин на Формула 1 трка. Откако се вклучивме во овој спорт во 2017 година, разговаравме за развој на нови дестинациски градови за да ја прошириме популарноста на Формула 1 и реализацијата на Виетнамското Гран При е резултат на таа амбиција. Ние сме воодушевени што сме тука во Ханој, еден од највозбудливите градови во светот, со толку богата историја и со неверојатна иднина. Се надевам дека Ханој ќе стане вистински белег во Ф1 календарот."
Nguyen Viet Quang, потпретседател и извршен директор на Вингруп, вели: "Ние сме возбудени што ги гледаме резултатите од нашата напорна работа со раководството на Формула 1 со конечна реализација на договорот за Голема Награда на Виетнам. Суштински дел од оваа соработка е да се осигураме дека ние не само што ќе го промовираме градот Ханој, туку и ќе додадеме возбудлива трка за фановите на Формула 1 во Виетнам и целиот свет."
"Со мисијата - подобар живот за виетнамскиот народ - Вингруп сакаше да ја донесе оваа трка во Виетнам поради општите придобивки за општеството, како што се отворање повеќе работни места, надградување на инфраструктурата на Ханој, како и охрабрување на други поголеми светски настани да дојдат во Виетнам. Вингруп како фирма, преку Ф1 трката, сака да го презентира првиот виетнамски производител на автомобили, VinFast, на милионската публика во светот."
Патеката со должина од околу 5.565 метри ќе има 22 свиоци и три големи правци, особено правецот по воведните неколку свиоци од 1.500 метри.
Пит-линијата ги одбегнува првиот и последниот свиок со што ќе се намали времето потребно за влегување во бокс. Тоа има за цел да ги поттикне тимовите на стратегии со повеќе застанувања за замена на гумите, но, од друга страна се зависи и од ФИА која ја одредува максималната брзина на движење низ истата линија, па доколку таа биде минимална саканиот ефект се анулира. Секако тука се и гумите, дали тие ќе бидат повторно снабдувани од Пирели или некој нов бренд.
Делови од патеката ќе бидат наменски изградени, а делови ќе ги користат постоечките улици на Ханој, слично на патеката во Валенсија. Како и патеката на Америките, нема да се доднесе ништо оригинално, туку ќе се вметнуваат елементи од неколку историски патеки, како Нирбургринг, Сузука и Монте Карло, во обид да имаме возбудлива Ф1 трка во Виетнам.
На анкетата на нашата ФБ страна(ЛИНК) поголем процент од македонските Ф1 фанови се со мислење дека Виетнамското ГП ќе биде добро за Формула 1 мотоспортот. Ние не се согласуваме со тоа и повеќе преферираме наменски изградени тркачки, а не уште повеќе улични патеки во Ф1 календарот. Сепак, ова не е Формула Е. Нови улични патеки не е она што му е потребно на спортот.
Повеќе би сакале да се вратат добро познатите историски патеки како Есторил, Херез, Зандворт(има шанси), за нас македонците можеби, Истанбул парк, можеби Ф1 трка во Аргентина и.т.н. Но, историјата не носи профит, а нели не е се до парите, како што велеа новите сопственици на Формула 1.
Виетнам и Формула 1, никаква поврзаност освен што некоја си богата компанија посакала да гледа Ф1 трка во сопствената земја и да ја користи за сопствени рекламни цели. Така не се создава вистинска историја на моторспорт! Фановите со атмосферата, заедно со возачите и нивните способности, создаваат историја, а не парите.
ОФИЦИЈАЛНО: ЛИБЕРТИ МЕДИА И ГРАДОТ ХАНОЈ ЈА ПРЕТСТАВИЈА 2020 ГН НА ВИЕТНАМ
11/07/2018 10:32:00 AM
0
Share to other apps