Првиот слободен тренинг, протече во мирна атмосфера, со неколку не толку сериозни извртувања, излетувања, што е вообичаено за првиот тренинг. Роберт Кубица и Антонио Џовинаци ги заменија местата со Сергеј Сироткин и Чарлс Леклерк. Проблеми за организаторот и ФИА се јавија со новите долги заоблени рабници поставени на повеќето свиоци. Во раните фази изгледаше дека возењето врз нив не беше пречка, но, како што одминуваше сесијата тие почнаа да се распаѓаат.
Интересено е што Луис Хамилтон за прв пат побара и доби дозвола да го има бројот 1 на носот на својот болид на последната трка од сезоната. Сепак, во официјалните документи, тој е пријавен со неговиот број 44.
За пореален одраз на перформансите за овој тркачки викенд ќе треба да го почекаме вториот тренинг кој е закажан за 14:00 MK, т.е. истото време кога се одржуваат квалификациите и трката.
Мерцедес АМГ доминираше на оваа патека во последниве години, со 1-2 Победи во последните три години. Минатата година победник беше Валтери Ботас, со старт од Пол позицијата.
Дали Сребрените стрели ќе продолжат со доминантната форма, по се изгледа, ДА! По најавените проблеми со ПЕ на Хамилтон, дали ова е шанса за 1-ва сезонска Победа на Ботас, или Финецот годинава едноставно речено не го бива...
2018 АБУ ДАБИ ГП - ТРЕНИНГ 1 | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:38.491 | 27 | |
2 | Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:38.945 | + 0.454 | 19 |
3 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:39.452 | + 0.961 | 29 |
4 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:39.543 | + 1.052 | 25 |
5 | Естебан Окон | Форс Индија | 1:40.102 | + 1.611 | 25 |
6 | Кевин Магнусен | Хас | 1:40.235 | + 1.744 | 21 |
7 | Кими Раиконен | Ферари | 1:40.417 | + 1.926 | 24 |
8 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:40.453 | + 1.962 | 20 |
9 | Карлос Саинц ЈР. | Рено | 1:40.588 | + 2.097 | 21 |
10 | Роман Грожан | Хас | 1:40.663 | + 2.172 | 23 |
11 | Пјер Гасли | Торо Росо | 1:41.671 | + 2.180 | 17 |
12 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:41.023 | + 2.532 | 24 |
13 | Серџо Перез | Форс Индија | 1:41.075 | + 2.584 | 23 |
14 | Брендон Хартли | Торо Росо | 1:41.137 | + 2.646 | 26 |
15 | Ленс Строл | Вилијамс | 1:41.493 | + 3.002 | 21 |
16 | Антонио Џовинаци | Заубер | 1:41.662 | + 3.171 | 23 |
17 | Маркус Ериксон | Заубер | 1:41.928 | + 3.437 | 21 |
18 | Штофел Вандорн | Мекларен | 1:42.114 | + 3.623 | 21 |
19 | Фернандо Алонсо | Мекларен | 1:42.315 | + 3.822 | 16 |
20 | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:42.992 | + 4.501 | 25 |
ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА - ЈАС МАРИНА
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:43.476
2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:43.053
2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:42.869
2017 Себастијан Ветел - Ферари - 1:39.006
2018 Макс ферстапен - Ред бул - 1:38:491
|
|||||
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
Штофел Вандорн со нов дизајнна кацигата
Хамилтон со бројот 1 на носот од болидот