Германецот едноставно не можеше да извлече доволно брзина од својот Ферари во финалниот сектор, за да биде конкуренција на Мерцедесите, но заврши пред Кими Раиконен, за кого ова е последен настап во тимот од Маранело. Ред Бул очекувано со пласман на третиот стартен ред, Даниел Рикиардо пред Макс Ферстапен.
Хас добро се однесуваше во текот на досегашниот тек од викендот, па Роман Грожан оправдано како најдобар од останатите на 7-та стартна позиција, пред Леклерк, Окон и Хулкенберг. Сепак овие возачи, плус Ферстапен, утре ќе имаат полни раце работа, стартувајќи на непосакуваната хипер-мека смеша на Пирели, за разлика од болидите зад нив, кои имаат слободен избор на гуми.
Ова беше сензационален ден за Сребрените стрели, Мерцедес АМГ стана првиот тим во историјата на Ф1, кој го обезбедил првиот стартен ред на една патеката во пет последователни сезони. За Луис Хамилтон ова беше 11-та Пол позиција во 2018 година.
Големата Награда на Абу Даби стартува утре во 14:10 часот по македонско време, директниот пренос на 24 вести започнува од 13:40.
ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА АБУ ДАБИ - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:34.794 | |
2. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:34.956 | + 0.162 |
3. | Себастијан Ветел | Ферари | 1:35.125 | + 0.331 |
4. | Кими Раиконен | Ферари | 1:35.365 | + 0.571 |
5. | Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:35.401 | + 0.607 |
6. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:35.589 | + 0.795 |
7. | Роман Грожан | Хас | 1:36.192 | + 1.398 |
8. | Чарлс Леклерк | Заубер | 1:36.237 | + 1.443 |
9. | Естебан Окон | Форс Индија | 1:36.540 | + 1.746 |
10. | Нико Хулкенберг | Рено | 1:36.542 | + 1.748 |
Q2 Најбрзо Време: Луис Хамилтон - 1:35.693 | ||||
11. | Карлос Саинц ЈР. | Рено | 1:36.982 | + 1.289 |
12. | Маркус Ериксон | Заубер | 1:37.132 | + 1.439 |
13. | Кевин Магнусен | Хас | 1:37.309 | + 1.616 |
14. | Серџо Перез | Форс Индија | 1:37.541 | + 1.848 |
15. | Фернандо Алонсо | Вилијамс | 1:37.743 | + 2.050 |
Q1 Најбрзо Време: Себастијан Ветел - 1:36.775 | ||||
16. | Брендон Хартли | Торо Росо | 1:37.994 | + 1.219 |
17. | Пјер Гасли | Торо Росо | 1:38.167 | + 1.391 |
18. | Штофел Вандорн | Мекларен | 1:38.577 | + 1.802 |
19. | Сергеј Сироткин | Вилијамс | 1:38.635 | + 1.860 |
20. | Ленс Строл | Вилијамс | 1:38.682 | + 1.907 |
107% време: 1:43.549 | ||||
2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:40.480 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:40.237 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:38.755 2017 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:36.231 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:34.794 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |