На средина беа возачите на Ред Бул, Макс Ферстапен пред Даниел Рикиардо. Следни во поредокот беа болидите на Црното коњче, Кими пред Себастијан. Останатите далеку назад, а најдобар од нив повторно Роман Грожан со болидот на Хас.
Французинот беше за 0.170 делови од секундата пред возачот на Рено, Нико Хулкенберг, тимскиот колега Кевин Магнусен на деветтото место и Естебан Окон со Форс Индија за комплетирање на најбрзите 10 возачи.
Пјер Гасли имаше солидно темпо на ултра-меките гуми на Пирели, но се спушти на 11-тото место пред вториот болид на Рено на Карлос Саинц Јр., по неговите стинтови на хипер-меката смеша.
Фернандо Алонсо го заврши својот последен Ф1 петок, барем засега, на 13-то место. Шпанецот со болид, кацига и облека специјално дизајнирани за овој викенд, забележа најбрзо време од 1:38.725 за пласман пред вториот болид на Форс Индија зад чиј волан беше Серџо Перез.
Возачот на Заубер, а од следнаѕа сезона на Ферари, Чарлс Леклерк, беше 15-ти, но се пожали на можни оштетувања на подот по неговото излетување надвор од патеката. Брендон Хартли беше 16-ти во вториот Торо Росо, правејќи неколку грешки во неговиот брз круг.
Маркус Ериксон го имаше 17-тото најбрзо време, пред Штофел Вандорн, кој имаше продолжен престој во својата гаража во средината на сесијата, но подоцна излезе на хипер-меките гуми.
На болидите на Вилијамс не им одговара оваа патека, па Ленс Строл и Сергеј Сироткин, убедливо на последните две позиции на табелата.
Кој ќе има Прва стартна позиција на неделната трка ќе дознаеме на утрешните квалификации кои започнуваат во 14:00 часот по македонско време.
| 2018 АБУ ДАБИ ГП - ТРЕНИНГ 2 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:37.236 | 37 | |
| 2 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:37.280 | + 0.044 | 32 |
| 3 | Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:37.428 | + 0.192 | 31 |
| 4 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:37.443 | + 0.207 | 35 |
| 5 | Кими Раиконен | Ферари | 1:37.461 | + 0.225 | 40 |
| 6 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:37.569 | + 0.333 | 39 |
| 7 | Роман Грожан | Хас | 1:38.060 | + 0.824 | 30 |
| 8 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:38.230 | + 0.994 | 36 |
| 9 | Кевин Магнусен | Хас | 1:38.318 | + 1.082 | 30 |
| 10 | Естебан Окон | Форс Индија | 1:38.402 | + 1.167 | 33 |
| 11 | Пјер Гасли | Торо Росо | 1:38.506 | + 1.270 | 32 |
| 12 | Карлос Саинц ЈР. | Рено | 1:38.511 | + 1.275 | 37 |
| 13 | Фернандо Алонсо | Мекларен | 1:38.725 | + 1.489 | 35 |
| 14 | Серџо Перез | Форс Индија | 1:38.806 | + 1.570 | 31 |
| 15 | Чарлс Леклерк | Заубер | 1:38.831 | + 1.595 | 33 |
| 16 | Брендон Хартли | Торо Росо | 1:38.957 | + 1.721 | 35 |
| 17 | Маркус Ериксон | Заубер | 1:39.502 | + 2.267 | 36 |
| 18 | Штофел Вандорн | Мекларен | 1:39.938 | + 2.702 | 18 |
| 19 | Ленс Строл | Вилијамс | 1:40.046 | + 2.810 | 33 |
| 20 | Сергеј Сироткин | Вилијамс | 1:40.935 | + 3.699 | 39 |
| ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА - ЈАС МАРИНА
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:42.115
2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:41.983
2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:40.861
2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:37.877
2018 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:37.236
|
|||||
| @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||||




