Луис Хамилтон, на почетокот од трката, имаше одличен старт и успеа да ја претвори Пол позицијата во водство по првиот свиок пред Ботас, Ветел и Раиконен.
Сепак, возбудувањата кои ги носи стартот на трката беа набрзо прекинати по спектакуланото излетување на Нико Хулкенберг по контактот со Роман Грожан.
Болидот на Рено се превтре два пати и заврши наопаку врз бариерите покрај патеката, но Германецот остана неповреден.
Ова излетување ја покажа слабата точка на ХАЛО-системот, бидејќи ако полниот со гориво резервоар се запалеше во поголем обем, возачот тешко ќе беше извлечен набрзина поради овој систем.
Секако дека на патеката беше распоредено безбедносното возило.
Кога БВ ја напушти патеката, немаше промени во поредокот на водечката тројка, Хамилтон, Ботас, Ветел, па вниманието ни се насочи кон возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, кој имаше лош старт, па мораше да се бори со возачите на Форс Индија, кои на стартот беа зад него.
Со исправен болид тоа ќе беше лесна задача, но Рено ПЕ реши да си поигрува со безбедносните модови, по што Холанѓанецот имаше потешка задача, но далеку поинтересна за на гледачите, за да се го врати 6-тото место.
Во тие моменти и Ферарито на Кими Раиконен реши да се "испушти душа", спречувајќи го Финецот да ја финишира неговата последна трка за Италијанскиот тим. Тој се паркираше на стартно/целниот правец, по што беше распореден Виртуелното Безбедносно Возило.
Тоа беше знак за инженерите на Луис Хамилтон да повикаат во бокс на крајот од 7-от круг, по што Ботас го презеде водството пред Ветел, Рикиардо и сега четвртопласираниот Ферстапен на две секунди зад неговиот тимски колега. Британецот беше единствениот кој се реши да го искористи ВБВ за замена на гумите.
Себастијан Ветел беше следниот од водечките кои се реши за замена во 15-от круг од трката, по што излезе на патеката дури на 6-тото место зад болидот на Форс Индија.
Веднаш реагираа и од гаражата на Мерцедес АМГ, со воведување на Валтери Ботас во следниот круг. Тоа значеше дека Рикиардо ја водеше трката, пред Макс Ферстапен на хипер-меката смеша на Пирели.
Холанѓанецот не беше во можност да држи чекор со својот тимски колега, па мораше во бокс за замена на гумите. На патеката се врати на супер-меките гуми и повторно на 5-тото место зад Ветел.
Лидерот на трката Рикиардо сега беше единствениот од првите шест кои немаа влезено за замена на гумите и инсистираше на тоа дека неговите почетни ултра-меки гуми се во добра форма.
Тој го докажа тоа, менаџирајќи ја разликата до второпласираниот Хамилтон, но остатокот од возачите почнаа да се приближуваат, па тој беше приморан да ги замени гумите во 33-от круг.
Неговиот долг прв стинт не му донесе некоја корист, бидејќи по излегување на патеката тој се врати зад својот тимски колега, Ферстапен, на 5-то место.
Следните претекнувања беа по проблемите на Ботас со супер-меките гуми и загреаните сопирачки, по што тој ја изгуби стабилноста на својот болид во свиоцте, по што беше претекнат од Ветел, за второто место, а неколку круга подоцна и од возачите на Ред Бул.
Најголем отпор му пружи на младиот Холанѓанец, со кого дури и имаа контакт. По паѓањето на 6-то место, Финецот беше повикан по втор пат во бокс, за нова промена на гуми и безбеден финиш на трката.
По ова текот на трката повторно премина во "мирни води", при што Хамилтон имаше предност во однос на Ветел, од четири до пет секунди, додека пак возачот на Ферари го контролираше дуото на Ред Бул.
По комплетирани 55 круга, Хамилтон ја премина целната линија за да ја забележи својата 11-та Победа во сезоната, пред Ветел, додека Макс Ферстапен го имаше својот 11-ти пласман на победничкиот подиум во 2018 сезоната за четвртото место во генералниот пласман на возачи.
Даниел Рикиардо, ја заврши последната трка за Ред Бул на четвртото место, пред Валтери Ботас.
Зад водечката петорка, како најдобар од останатите беше Карлос Саинц Јр. на 6-тото место, пред Чарлс Леклерк со Заубер, Серџо Перез со Форс Индија и возачите на Хас, Роман Грожан, пред Кевин Магнусен.
Фернандо Алонсо ја заврши својата 311-та Ф1 трка на 11-то место.
Голема Награда на Абу Даби, Јас Марина 55 круга, 305.470км., Време: Суво. |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1ч39:40.382 |
2. | Себастијан Ветел | Ферари | + 2.581 |
3. | Макс Ферстапен | Ред Бул | + 12.706 |
4. | Даниел Рикиардо | Ред Бул | + 15.379 |
5. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 47.957 |
6. | Карлос Саинц ЈР. | Рено | + 1:12.548 |
7. | Чарлс Леклерк | Заубер | + 1:30.789 |
8. | Серџо Перез | Форс Индија | + 1:31.275 |
9. | Роман Грожан | Хас | + 1 круг |
10. | Кевин Магнусен | Хас | + 1 круг |
11. | Фернандо Алонсо | Мекларен | + 1 круг |
12. | Брендон Хартли | Торо Росо | + 1 круг |
13. | Ленс Строл | Вилијамс | + 1 круг |
14. | Штофел Вандорн | Мекларен | + 1 круг |
15. | Сергеј Сироткин | Вилијамс | + 1 круг |
НАЈБРЗ КРУГ: СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - 1:40.867 | |||
БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
16. | Пјер Гасли | Торо Росо | дефект |
17. | Естебан Окон | Форс Индија | дефект |
18. | Маркус Ериксон | Заубер | дефект |
19. | Кими Раиконен | Ферари | дефект |
20. | Нико Хулкенберг | Рено | инцидент |
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч30:02.555 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч38:30.175 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч38:04.015 2017 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1ч34:14.062 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч39:40.382 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
***КОНЕЧЕН ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 21/21*** | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Луис Хамилтон | 408 | |
2. | Себастијан Ветел | 320 | |
3. | Кими Раиконен | 251 | |
4. | Макс Ферстапен | 249 | |
5. | Валтери Ботас | 247 | |
6. | Даниел Рикиардо | 170 | |
7. | Нико Хулкенберг | 69 | |
8. | Серџо Перез | 62 | |
9. | Кевин Магнусен | 56 | |
10. | Карлос Саинц ЈР. | 53 | |
11. | Фернандо Алонсо | 50 | |
12. | Естебан Окон | 49 | |
13. | Чарлс Леклерк | 39 | |
14. | Роман Грожан | 37 | |
15. | Пјер Гасли | 29 | |
16. | Штофел Вандорн | 12 | |
17. | Маркус Ериксон | 9 | |
18. | Ленс Строл | 6 | |
19. | Брендон Хартли | 4 | |
20. | Сергеј Сироткин | 1 | |
КОНСТРУКТОРИ: | |||
1. | Мерцедес АМГ | 655 | |
2. | Ферари | 571 | |
3. | Ред Бул | 419 | |
4. | Рено | 122 | |
5. | Хас | 93 | |
6. | Мекларен | 62 | |
7. | Форс Индија(нов сопственик) | 52 | |
8. | Заубер | 48 | |
9. | Торо Росо | 33 | |
10. | Вилијамс | 7 | |
ДКВ | Форс Индија(стар сопственик) | 52 |