При крајот на трката во Абу Даби, тркачкиот инженер на Фернандо Алонсо го поттикнуваше Шпанецот да се обиде да го достигне и престигне Кевин Магнусен за 10-тото место, кое носи еден поен. Фернандо смисли оригинален начин да го компензира недостатокот на перформанси на својот Мекларен, со сечење на 8-от и 09-от свиок во три последователни круга.
Сепак тоа не помогна на патеката, а секако не остана незабележано нити од стјуардите кои го казнија со три казни од по 5 додадени секунди.
Тоа не влијаеше на неговата позиција во редоследот, бидејќи тој имаше 20 секунди предност пред 12-то ласираниот Торо Росо на Брендон Хартли.
Покрај тоа, за секоја казна, Фернандо доби и по еден казнен поен во неговата Ф1 лиценца. Со тоа тој собра вкупно шест такви поени, но со оглед на тоа дека не планира да се натпреварува во Формула 1 во 2019 година, тоа и не му е многу важно.
На денешната трка, освен Алонсо, само уште еден возач доби ваква казна, Естебан Окон.
ФЕРНАНДО АЛОНСО СО РЕКОРДНИ ТРИ КАЗНИ НА ЕДНА ТРКА
11/25/2018 05:55:00 PM
0
Share to other apps