Макс Ферстапен инсистира дека Ред Бул не не залажува со изјавите дека Хонда е подготвена да му овозможи на тимот борба за првите места во 2019 година, и покрај тоа што Јапонскиот производител досега не успеа да забележи пласман на подиумот со Мекларен или Торо Росо во четирите години од нивниот кам-бек во Ф1 Шампионатот. Холанѓанецот вели дека Ред Бул има податоци што покажуваат дека Хонда ќе биде голем чекор напред во однос на сегашниот партнер на неговиот тим, Рено.
"Тоа го покажуваат бројките, не лажеме и не го залажуваме светот со нешто што не е точно. Сепак, зависи и од тоа колку ќе се подобрат нашите ривали. Мораме да чекаме и да видиме. Јас сум реален, мислам дека првично ќе имаме мало заостанување во моќта на ПЕ, но, дефинитивно ќе биде подобро од она што го имаме сега. Дали тоа ќе биде доволно на почетокот, знаете се е во обид да се добијат најдобри резултати, за да не изгубите премногу поени на стартот од сезоната."
"Мислам дека можам да се борам за Шампионската Титула, бидејќи веќе имам речиси четири Ф1 сезони зад мене, а Луис, на пример, се бореше за титула во својата прва сезона. Никогаш не може да кажете дека сте 100% подготвени или не. Веднаш штом ќе имате конкурентен болид, ќе го возите колку што е можно побрзо, и ако тоа е најбрзиот болид на гридот, обично победувате во трките."
МАКС СЕ ЗАКАНУВА - ХОНДА ЌЕ НИ ОВОЗМОЖИ БОРБА ЗА ТИТУЛИТЕ
11/09/2018 02:34:00 PM
0
Share to other apps