Возачите од најбрзите три тима се менуваа во водство во текот на првиот час од сесијата, Даниел Рикиардо, Кими Раиконен, па Валтери Ботас. Сите тројца на крајот беа поминати од своите тимски колеги, кога почнаа стинтовите со супер-меките гуми на Пирели.
Прво, Луис Хамилтон се искачи на врвот, за да биде симнат од Макс Ферстапен. Следуваше Себастијан Ветел, кој успеа само да ги раздели возачот на Ред Бул и Мерцедес АМГ.
Даниел Рикиардо заврши на четвртото место, со скоро четири десетинки побавно време од својот тимски колега, додека Раиконен ја заврши сесијата на петтото место со заостанување од околу половина секунда зад Ферстапен. Сепак, Финецот своето најдоброто време го забележа на меката смеша.
Роман Грожан и Кевин Магнусен го дефинираа тимот на Хас како најдобри од остатокот на гридот, со Французинот на седмото место, три десетинки пред Данецот. Грожан беше последниот возач во рамките на истата секунда со најдоброто време на Ферстапен.
Чарлс Леклерк го забележа деветтото најбрзо време, додека Естебан Окон од Форс Индија беше десетти, со задоцнување од 1.3 секунди.
Вториот тренинг започнува во 18 часот по македонско време, на кој подобро ќе се забележи формата на возачите и нивните болиди.
2018 БРАЗИЛ ГП - ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:09.011 | 16 | |
2 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:09.060 | + 0.049 | 20 |
3 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:09.107 | + 0.096 | 28 |
4 | Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:09.395 | + 0.384 | 23 |
5 | Кими Раиконен | Ферари | 1:09.573 | + 0.562 | 28 |
6 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:09.679 | + 0.668 | 23 |
7 | Роман Грожан | Хас | 1:09.922 | + 0.911 | 28 |
8 | Кевин Магнусен | Хас | 1:10.236 | + 1.225 | 15 |
9 | Чарлс Леклерк | Заубер | 1:10.346 | + 1.335 | 28 |
10 | Естебан Окон | Форс Индија | 1:10.361 | + 1.350 | 34 |
11 | Карлос Саинц ЈР. | Рено | 1:10.662 | + 1.651 | 34 |
12 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:10.679 | + 1.668 | 34 |
13 | Антонио Џовинаци | Заубер | 1:10.685 | + 1.674 | 29 |
14 | Ленс Строл | Вилијамс | 1:10.799 | + 1.788 | 30 |
15 | Пјер Гасли | Торо Росо | 1:10.934 | + 1.923 | 30 |
16 | Ландо Норис | Мекларен | 1:11.015 | + 2.002 | 28 |
17 | Сергеј Сироткин | Вилијамс | 1:11.037 | + 2.026 | 30 |
18 | Брендон Хартли | Торо Росо | 1:11.176 | + 2.165 | 32 |
19 | Штофел Вандорн | Мекларен | 1:11.452 | + 2.441 | 23 |
20 | Николас Латифи | Форс Индија | 1:11.493 | + 2.482 | 34 |
ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА - ХОЗЕ КАРЛОС ПАЧЕ
2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:12.764
2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:13.543
2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:11.895
2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:09.202
2018 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:09.011
|
|||||
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |