ТРИ БОИ, ПЕТ СМЕШИ
Ќе има само три бои на секоја трката: Бела за најтврдата смеша, Жолта за средната и Црвена за најмеката смеша. Севкупно, ќе има достапни пет смеши за оваа сезона, кои се нумерирани од 1 до 5, од најтврда до најмека. Бидејќи сите пет смеши се користат на пред-сезонските тестови во Барселона, најтврдата (C1) и најмеката (C5) смеша ќе се разликуваат по тоа што нема да ги имаат вообичаените ленти од страната на гумата. Смешите C2, C3 и C4 ќе ги имаат вообичаените ознаки со странични ленти. Изгледа некако комплицирано но фотографиите на Пирели во овој пост ќе го олеснат разбирањето на напишаното. За време на тркачките викенди ќе има само три достапни смеши.
ПРОТОТИП ГУМИ
Исто така, ќе има и одредени гуми кои нема да имаат никакви ознаки, а тоа се прототип на гуми, што ќе се видат само за време на тест сесиите. Тоа се развојни гуми за идните сезони во Формула 1. Во тек се последни договарања за распоредот за тестирање за 2020 година, кој ќе ги вклучи сите тимови во серија на сесии оваа година.
РАЗЛИЧНИ ТЕМПЕРАТУРИ И ПРИТИСОК
Новo за оваа година е што се намалуваат максималните температури на греачите на гумите. Задните гуми ќе може да се загреваат до 80 степени целзиусови, додека температурата за предните гуми ќе остане на тековните 100 степени целзиусови. Тоа ќе го намали ризикот од грејнинг, особено при ниски температури на околината. Како резултат на тоа, стартните притисоци на задните гуми соодветно се намалија.
ПОТЕНКА НАГАЗНА ПОВРШИНА
Минатата година потанка нагазна површина на гумите се користеше на одредени трки во календарот, со цел да се спречи нивното прегревање, што беше оценето како голем успех од сите Ф1 тимови. Како резултат на тоа, сите гуми за 2019 година имаат намалена нагазната површина, за сите трки од оваа година.
НОВИ ГУМИ ЗА ДОЖД И ИНТЕРМЕДИА
Плавите гуми за дожд и Зелените Интермедиа за помалку влажен асфалт, имаат комплетно нов дизајн, што покрива поширок спектар на услови од своите претходници. Минатата година, имаше два вида на гуми за дожд и интермедиа, еден за повисоки температури и еден за пониски температури. Оваа година, гумите се направени за поголем температурен опсег за работа, така што нема потреба да има два вида на гуми, туку има само по еден вид на плави и зелени гуми за целата година.
ПОГОЛЕМ РАБОТЕН ОПСЕГ
Работните опсези се малку повисоки за оваа година, со цел да се намали потенцијалот за прегревање. Ова осигурува поширок оперативен прозорец за истите.
C1 110-140 °C
C2 110-135 °C
C3 105-135 °C
C4 90-120 °C
C5 85-115 °C
(C1 најтврда смеша, C5 најмека)
Како што можеби и самите забележавте од првиот тест ден, новите гуми на Пирели имаат посјајна површина, а тоа било резултат на новиот метод на производство што ќе се користи за да се намалат несовршеностите на нагазната површина, особено на помеките смеши.Промената на изгледот е последица на тоа што во фабриките на Пирели започнале користење на хромирани калапи, кои придонесуваат за што посовршена нагазна површина на нивните гуми.