Зад Моначанецот, импресивен настап за тимот на Мекларен, сега со Ландо Норис зад воланот на MCL34, забележувајќи само 0.306 делови од секундата побавно време. Повторно Хас е третиот најбрз болид, Кевин Магнусен го повтори успехот на неговиот тимски колега Роман Грожан.
Да дадеме првично наше видување на соодносот на силите помеѓу Мерцедес АМГ и Ферари, а тоа е дека тие се речиси еднакви при долгите стинтови, со блага предност кон сребрените стрели поради помалото трошење на гумите.
При квалификациско темпо очигледно е дека Ферари се побрзи, но тоа е многу спорно, со оглед дека не знаеме дали Хамилтон или пак Ботас имале брз круг со мало количество на гориво во резервоарот...
Сепак, рано е за заклучоци, ова е само тестирање на новите болиди. Она што е 100% јасно е дека издржливоста кај двата тима е на големо ниво!!!
Кога сме кај тимот на Вилијамс има најави дека нивниот болид во текот на ноќва ќе тргне од Англија кон Шпанија и дека е возможно да се појави на патеката во текот на утрешниот ден. Се погласни се шпекулациите дека Педи Лоув може да добие отказ.
2019 БАРСЕЛОНА I ТЕСТ СЕСИЈА - ДЕН 2 | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Чарлс Леклерк | Ферари | 1:18.247 | 157(C3) | |
2 | Ландо Норис | Мекларен | 1:18.553 | + 0.306 | 104(C4) |
3 | Кевин Магнусен | Хас | 1:19.206 | + 0.959 | 59(C3) |
4 | Алекс Албон | Торо Росо | 1:19.301 | + 1.054 | 132(C4) |
5 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:19.312 | + 1.065 | 101(C3) |
6 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:19.535 | + 1.288 | 89(C3) |
7 | Пјер Гасли | Ред Бул | 1:19.814 | + 1.567 | 92(C3) |
8 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:19.837 | + 1.590 | 95(C3) |
9 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:19.886 | + 1.639 | 28(C3) |
10 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:19.928 | + 1.681 | 74(C3) |
11 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:20.433 | + 2.186 | 79(C3) |
12 | Пјетро Фитипалди | Хас | 1:20.849 | + 3.602 | 13(C3) |
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |