Во услови на стабилни прописи за погонската единица, со секоја измината година проблемите со издржливоста стануваат раритет, па така веќе на првиот ден сите тимови комплетираат кругови доволни барем за една трка. Воопшто немаше проблеми, освен некои ситници кои беа елиминирани по кратка поправка.
Единствено тимот на Вилијамс има проблеми со склопувањето на новиот болид, па така нивниот старт го одложија на уште еден ден, но најверојатно ќе стартуваат на втората тест сесија.
Инсајдерските информации говорат дека проблем се делови од каросеријата, кои биле пратени многу доцна за изработка, па физички не било можно да се направат. Како и да е, овој тим најверојатно се соочува со уште една тешка сезона пред нив, освен ако не сакаат нешто да сокрија!!!
2019 БАРСЕЛОНА I ТЕСТ СЕСИЈА - ДЕН 1 | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:18.161 | 169(C3) | |
2 | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:18.558 | + 0.397 | 119(C4) |
3 | Роман Грожан | Хас | 1:19.159 | + 0.998 | 65(C3) |
4 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:19.426 | + 1.265 | 128(C3) |
5 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:19.462 | + 1.301 | 114(C3) |
6 | Данил Квјат | Торо Росо | 1:19.464 | + 1.303 | 77(C4) |
7 | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:19.944 | + 1.783 | 30(C3) |
8 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:20.127 | + 1.966 | 69(C2) |
9 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:20.135 | + 1.974 | 81(C2) |
10 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:20.980 | + 2.819 | 65(C2) |
11 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:20.983 | + 2.822 | 44(C2) |
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |