Од тимот на Алфа Ромео 30 минути пред почетокот на тест сесијата во Барселона го презентираа новиот Алфа Ромео Рејсинг C38. За оваа 2019 година Алфа Ромео Заубер Ф1 Тим стана Алфа Ромео Рејсинг. Структурата, сопственоста и менаџментот остануваат исти, се менува само името.
Комплетно нова возачка постава за новата сезона, Кими Раиконен и Антонио Џовинаци. Iceman и Giovi. Благодарение на главниот спонзор Алфа Ромео, Кими ќе го вози Стелвио со бројот 7, а Антонио ќе има задоволство да се справи со Џулија во болидот со број 99.
Изгледот од минатата сезона беше полн погодок, па за новата година шемата на бои е поатрактивна и посекси комбиниција на класичните бои на традиционалниот тим на Заубер, бела и сина, комбинирани со црвената боја на Алфа Ромео.
Тимскиот шеф, Фредерик Васер и техничкиот директор, Симон Реста, не сакаат да откриваат детали, но, велат дека зимската пауза ја искористиле за креативни цели, а не за скијање на Алпите во Швајцарија. Тимот на инженери кои стојат зад Алфа Ромео Рејсинг очекуваат нова шанса за докажување на нивниот потенцијал и голем успех во 2019 година.
АЛФА РОМЕО C38 - МНОГУ ПОГОЛЕМИ АМБИЦИИ
2/18/2019 11:57:00 AM
0
Share to other apps