Ландо Норис предизвика две црвени знамиња поради проблемите на MCL34. Во утринските часови, по падот на притисокот во хидрауличниот систем, возачот на Мекларен излета од патеката, по што тимот загуби неколку часа на поправки. Во попладневните часови, веднаш по поставување на најбрзото време, болидот повторно застана на патеката.
Мерцедес АМГ со оглед на големиот број на нови аеродинамички компоненти во потрагата по дополнителни перформанси, фактички признаваат дека нешто не било во ред во нивниот болид.
Тест сесиите ги започнаа со дизајн на предното крило, кој го насочуваше воздухот кон внатре, наместо кон надвор на предните гуми. Новиот дизајн сега го насочува проток на воздухот кон надвор.
Како резултат на таа промена имаме и цел комплет ситни аеро промени кои може да ги видите на фотографиите подолу во овој пост.
Иако шефот на Мерцедес АМГ, Тото Волф, навести дека ќе требаа"месеци" за да го преиспитаат својот аеродинамичен концепт, ако идеите на противникот се покажат подобри, деловите што ги донесоа денес се почетни експерименти, но, кога имаш моќна фабрика зад себе се се одвива во многу пократок рок.
Но, кога многу менуваш, може да се појават други проблеми, па денес невообичаено за Мерцедес АМГ и W10 мораа да ја менуваат ПЕ, откако Ботас застана на патеката поради проблеми со притисокот на маслото. До крајот на денот, Финецот, успеа да комплетира само пет круга, т.е. вкупно 7 на првиот тест ден.
Тимот вели дека е донесена таква одлука со цел да се продолжи непречено со нивната зацртана тест програма и исто така подобро да се анализа проблемот со притисокот на маслото.
Друг тим кој донесе позабележителни новини е Торо Росо, од кои најголема е новото задно крило заедно со ново Т-крило. За прв пат на пред-сезонските тестирања видовме пристојна дистанца за тимот на Вилијамс, со комплетирани 100+ кругови. Денес на FW42 работеше Џорџ Расел, утре ќе го замени Роберт Кубица.
Кај тимот на Ферари, за прв пат во последниве години, имавме поделена програма за двата возачи во еден ден. Во утринските часови поради проблеми со системот за ладење, Леклерк загуби неколку часа и го заврши предпладневниот дел со само 29 комплетирани кругови, додека во попладневниот дел од сесијата Себастијан Ветел работеше на долги стинтови и симулација на трка. Италијанците беа незабележителни со многу мирен тест ден.
2019 БАРСЕЛОНА II ТЕСТ СЕСИЈА - ДЕН 1 | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Ландо Норис | Мекларен | 1:17.709 | 80(C4) | |
2 | Пјер Гасли | Ред Бул | 1:17.715 | + 0.006 | 136(C3) |
3 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:17.824 | + 0.115 | 82(C5) |
4 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:17.925 | + 0.216 | 81(C3) |
5 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:18.589 | + 0.880 | 99(C4) |
6 | Алекс Албон | Торо Росо | 1:18.649 | + 0.940 | 103(C4) |
7 | Чарлс Леклерк | Ферари | 1:18.651 | + 0.942 | 29(C3) |
8 | Кевин Магнусен | Хас | 1:18.769 | + 1.060 | 131(C4) |
9 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:19.662 | + 1.953 | 119(C5) |
10 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:20.107 | + 2.398 | 77(C3) |
11 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:20.167 | + 2.458 | 7(C2) |
12 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:20.332 | + 2.623 | 83(C2) |
13 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:20.348 | + 2.639 | 80(C3) |
@МкФормула1 - Република Македонија Прв сектор - 21.799 - Л.Норис(MCL34) Втор сектор - 28.782 - Л.Норис(MCL34) Трет сектор - 25.730 - Л.Хамилтон(W10) Потенцијално најбрзо време - 1:16.311 @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
2019 БАРСЕЛОНА II ТЕСТ СЕСИЈА - ДЕН 1 КОРЕГИРАНИ ВРЕМИЊА ЗА C3 СМЕШАТА |
|||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | СМЕША |
1 | Пјер Гасли | Ред Бул | 1:17.715 | (C3) | |
2 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:17.925 | + 0.210 | (C3) |
3 | Ландо Норис | Мекларен | 1:18.309 | + 0.549 | (C3) |
4 | Чарлс Леклерк | Ферари | 1:18.651 | + 0.936 | (C3) |
5 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:19.024 | + 1.309 | (C3) |
6 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:19.189 | + 1.474 | (C3) |
7 | Алекс Албон | Торо Росо | 1:19.249 | + 1.534 | (C3) |
8 | Кевин Магнусен | Хас | 1:19.369 | + 1.654 | (C3) |
9 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:19.567 | + 1.852 | (C3) |
10 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:19.732 | + 2.017 | (C3) |
11 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:20.107 | + 2.392 | (C3) |
12 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:20.348 | + 2.633 | (C3) |
13 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:20.862 | + 3.147 | (C3) |
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |