Појавувањето на Рено, Торо Росо и Алфа Ромео на врвот на табелите со најбрзите кругови е освежувачко за Формула 1, но, исто така е сведоштво за нивната напорна работа во текот на зимата.
Сепак, сите во падокот во Барселона се едногласни во својата пресуда дека еден тим прикажа најмногу, а тоа е Ферари, чив болид SF90, беше добро избалансиран и брз, веднаш по излегувањето од нивната гаража.
Одредени аналитичари, дури одат чекор понапред и велат дека тимот, што толку посакува да го прекине долгиот период без Титули, можеби има дури четири или пет десетини предност пред своите најблиски ривали.
Чарлс Леклерк, имаше доста добар одговор на овие тврдења:
"Ова се само тестови, но, веднаш ми се допадна нашиот болид. Тој е стабилен, лесно е да се вози. Брзината на тестовите секогаш дава погрешни заклучоци, не треба да придавате големо значење на резултатите."
"Сигурен сум дека Мерцедес АМГ сè уште не ги открил сите свои адути, но, исто така и ние. Има толку многу прашања! Знаеме дека имаме конкурентен болид, но, ние не знаеме колку се брзи нашите ривали. Ајде да почекаме до првата трка."
Потполно е во право, и тоа е она што ја прави последната недела толку фасцинантна. Дали Мерцедес АМГ и Ред Бул, кои се сметаат за изедначени по првата недела, ќе ги откријат сите свои карти? Се надеваме дека нема да чекаме до првата трка!!!
Тековните Шампиони поминаа најмногу километри на патеката Каталуња, за време на кои нивните возачи, Луис Хамилтон и Валтери Ботас не пријавија никакви проблеми, барем јавно, па се надеваме дека на втората тест сесија нивниот фокус ќе се насочи кон целосно "отклучување" на потенцијалот на W10 EQ Power.
Ред Бул и Хонда имаа ветувачки почеток за нивното партнерство. Јапонскиот гигант, минатата недела забележа најмногу извозени километри од кога се приклучи во Формула 1, но она што е поважно се изјавите на главните луѓе во тимот од Милтон Кејн, дека тие добиле на моќност со префрлување од Рено на Хонда погонските единици.
Како поткрепа на овие изјави се забележаните брзи времиња на Торо Росо, кои секако се претпоставува дека се направени со помали количества на гориво во резервоарот и истата погонска единица на Хонда.
Ако овие три тима повторно ги сметаме за непобедливи, интересно ќе биде да видиме кој ќе биде најдобар во "втората лига". Како и минатата сезона, одговорот не е баш лесен, со оглед на тоа дека разликите од 4-9-то место се минимални. Алфа Ромео и Рено се чини дека се првите фаворити за најдобри од останатите.
Едногласно на дното е Вилијамс, па следува многу важна недела за нив. Дали нивниот 2019 болид, FW42, ќе биде подобрување од минатогодишниот кој не можеше да се помрдне од последното место на гридот.
ВОЗАЧИ ЗА ВТОРАТА ПРЕД СЕЗОНСКА ТЕСТ СЕСИЈА | ||
ТИМ | ВТОРНИК, 26/2/2019 | СРЕДА, 27/2/2019 |
Мерцедес АМГ | Хамилтон/Ботас | Ботас/Хамилтон |
Ферари | Леклерк/Ветел | Ветел/Леклерк |
Вилијамс | Џорџ Расел | Роберт Кубица |
Ред Бул | Пјер Гасли | Макс Ферстапен |
Рено | Хулкенберг/Рикиардо | Рикиардо/Хулкенберг |
Рејсинг Поинт | Ленс Строл | Серџо Перез |
Торо Росо | Алекс Албон | Данил Квјат |
Алфа Ромео | Антонио Џовинаци | Кими Раиконен |
Мекларен | Ландо Норис | Карлос Саинц Јр. |
Хас | Кевин Магнусен | Роман Грожан |
ТИМ | ЧЕТВРТОК, 28/2/2019 | ПЕТОК, 1/3/2019 |
Мерцедес АМГ | Хамилтон/Ботас | Ботас/Хамилтон |
Ферари | Леклерк/Ветел | Ветел/Леклерк |
Вилијамс | Џорџ Расел | Роберт Кубица |
Ред Бул | Пјер Гасли | Макс Ферстапен |
Рено | Хулкенберг/Рикиардо | Рикиардо/Хулкенберг |
Рејсинг Поинт | Ленс Строл | Серџо Перез |
Торо Росо | Алекс Албон | Данил Квјат |
Алфа Ромео | Антонио Џовинаци | Кими Раиконен |
Мекларен | Ландо Норис | Карлос Саинц Јр. |
Хас | Кевин Магнусен | Роман Грожан |
@МкФормула1 - Република Македонија ЛИНК - 2019 ПРЕЗЕНТАЦИИ - ЛИНК ЛИНК - ПОДЕТАЛНО ЗА ТИМОВИТЕ - ЛИНК ЛИНК - ПОДЕТАЛНО ЗА ВОЗАЧИТЕ - ЛИНК ЛИНК - 2019 КАЛЕНДАР - ЛИНК @MkFormula1 - Republic of Macedonia |