Ако првата недела од тестовите помина речиси без проблеми за најбрзите тимови, втората тест сесија започна со проблеми.
Вчера Мерцедес АМГ загуби многу време поради промена на ПЕ, додека денес Себастијан Ветел го уништи SF90, по излетувањето со полна брзина во третиот свиок.
Заврши во бариерите покрај патеката, Германецот беше ОК, но механичарите на Ферари имаа полни раце работа бидејќи болидот беше значително оштетен.
Причината за излетувањето, најверојатно е откажување на предната амортизација. Во Барселона тимовите немаат баш многу резервни делови на располагање па поправката на SF90 траеше подолго време.
Во попладневниот дел од сесијата требаше да настапи Чарлс Леклерк, кој вчера, исто така, изгуби неколку часа поради проблеми со ладењето на болидот, но успеа да комплетира само еден инсталациски круг во последните минути од сесијата.
Досега, оваа недела, Ферари се уште е меѓу аутсајдерите.
Ветел веднаш по инцидентот беше испратен во болница на превентивен преглед, бидејќи Г-сензорот покажал зголемена дејство на Г-силата. Откако беше утврдено дека не му е ништо, Германецот останатиот ден го помина во давање интервјуа на многубројните новинари.
Извлекувањето на болидот и поправките на бариерата, а со тоа и црвеното знаме, траеја четириесетина минути.
Роберт Кубица за прв пат можеша да помине поголемо растојание зад воланот на Вилијамс. Тимот се обидува да го надомести времето изгубено минатата недела, па затоа нивната тест програма мораше да се намали. За среќа, новиот болид, FW42, засега на асфалтот се покажа како издржлив, без некои поголеми проблеми.
Во тимот на Рено се работи напорно, без многу да се истакнуваат во прв план. Многу сензори на нивниот болид, за работа на аеродинамиката на R.S.19 и користење на натврдите смеши на Пирели, C1 и C2. Утрото, Даниел Рикиардо комплетираше 72 круга, попладнето Нико Хулкенберг ја продолжи истата програма.
2019 БАРСЕЛОНА II ТЕСТ СЕСИЈА - ДЕН 2 | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | 1:17.144 | 130(C4) | |
2 | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:17.842 | + 0.698 | 88(C5) |
3 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:18.195 | + 1.051 | 40(C3) |
4 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:18.209 | + 1.065 | 113(C4) |
5 | Роман Грожан | Хас | 1:18.330 | + 1.186 | 120(C5) |
6 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:18.395 | + 1.251 | 128(C3) |
7 | Данил Квјат | Торо Росо | 1:18.682 | + 1.538 | 101(C4) |
8 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:18.941 | + 1.797 | 74(C3) |
9 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:18.943 | + 1.799 | 102(C3) |
10 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:19.056 | + 1.912 | 58(C3) |
11 | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:19.367 | + 2.223 | 130(C5) |
12 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:22.597 | + 5.453 | 72(C1) |
13 | Чарлс Леклерк | Ферари | / | / | 1 |
@МкФормула1 - Република Македонија Прв сектор - 21.753 - K.Саинц(MCL34) Втор сектор - 28.776 - К.Саинц(MCL34) Трет сектор - 26.613 - К.Саинц(MCL34) Потенцијално најбрзо време - 1:17.144 @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
2019 БАРСЕЛОНА II ТЕСТ СЕСИЈА - ДЕН 2 КОРЕГИРАНИ ВРЕМИЊА ЗА C3 СМЕШАТА |
|||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | СМЕША |
1 | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | 1:17.744 | (C3) | |
2 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:18.195 | + 0.451 | (C3) |
3 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:18.395 | + 0.651 | (C3) |
4 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:18.809 | + 1.065 | (C3) |
5 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:18.941 | + 1.197 | (C3) |
6 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:18.943 | + 1.199 | (C3) |
7 | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:19.042 | + 1.298 | (C3) |
8 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:19.056 | + 1.312 | (C3) |
9 | Данил Квјат | Торо Росо | 1:19.282 | + 1.538 | (C3) |
10 | Роман Грожан | Хас | 1:19.530 | + 1.786 | (C3) |
11 | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:20.567 | + 2.823 | (C3) |
12 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:20.897 | + 3.153 | (C3) |
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |