Во текот на шесте стинтови на Силверстоун, новиот РБ15 се однесувал добро, со тоа што Холанѓанецот комплетираше 38 круга. За тоа време тимските инженери успеале да извршат серија проверки на системот пред првиот тест во Барселона следната недела.
По неволното излегување од болидот, првите впечатоци на Макс Ферстапен за РБ15 беа позитивни.
"Бев навистина возбуден кога седнав во болидот. Се чувствував добро и немавме никакви проблеми и сум многу среќен поради тоа. Исто така, боите се многу убави, иако тоа е само за денес."
"Се разбира, денес имавме ден за снимање, така што не го форсирате максимумот на болидот, но, навистина е важно да имате ваков ден пред да одите на официјалните тестови. Ќе добиете првичен впечаток и ќе видите дали има проблеми со болидот или моторот."
"За среќа, ние немавме никакви проблеми и тоа е многу позитивно за нас. Сега можеме правилно да тестираме, па ќе видиме што можеме да извлечеме од тоа. Секако, ќе можеме подобро да го разбереме болидот и Хонда ПЕ. Но, досега, се е во ред."
Кристијан Хорнер, тимскиот шеф на Ред Бул, исто така, ја истакна вредноста на филмскиот ден.
"Секогаш е одлично да се види првото возење на новиот болид. RB15 е нашиот прв болид опремен со погонската единица на Хонда и изгледа сјајно во својата еднократна шема на бои овде во Силверстоун."
"Се разбира, денес е ден за снимање, но исто така е навистина добра можност да се провери дека сите системи функционираат и дека болидот е фундаментално во добра форма, пред да одиме во Барселона следната недела, каде што се надевам дека ќе биде малку потопло!"
"Сега пред нас имаме осум дена за тестирање, на кои ќе биде особено важно да добиеме што е можно повеќе податоци пред првата трка од новата сезона во Мелбурн."
На патеката беше присутен и Пјер Гасли, новиот тимски колега на Макс, кој ќе добие шанса да го проба РБ15 во Барселона.