Валтери Ботас беше зад воланот утринава, по што следуваше Луис Хамилтон. Во споредба со неговиот претходник, Мерцедес W10 EQ Power+ е значително променет. Поголемиот дел од овие модификации се поттикнати од промените во Техничките прописи за новата сезона во Формула 1.
Инженерите на овој тим своето внимание покрај промените во аеродинамичните регулативи, кои беа главниот фокус во развојот на W10, работеле и на подобрување на слабите области на претходниот болид, како и дополнително надградување на неговите предности.
Сепак, и покрај значајните промени во многу области на W10 болидот, исто така, тој задржува одредени карактеристики на неговите претходници, бидејќи општата конструкција и меѓуоскиното растојание остануваат исти.
Додека развојот на шасијата беше делумно поттикнат од регулаторните промени, регулативата за ПЕ остана непроменета, со што развојот повеќе беше процес на еволуција во кој тимот напорно работеше за постигнување на две главни цели - подобрување на перформансите и сигурноста.
Додека кај возачките постави за 2019 година имаме промените во скоро секој тим, Мерцедес АМГ остана со дуото што ги освои 2017 и 2018 Титулите во конструктори, Луис Хамилтон и Валтери Ботас. По зимската пауза, двата возачи се желни да се вратат кон тркањето.
First laps in the bag 💪 W10 looking right at home on track! #WelcomeW10 ✨✨✨ pic.twitter.com/M41Ns0oTHe— Mercedes-AMG F1 (@MercedesAMGF1) February 13, 2019
— PETRONAS Motorsports (@PET_Motorsports) February 13, 2019
ШАСИЈА - ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
ПОГОНСКА ЕДИНИЦА - ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
МОТОР - ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
ЕРС СИСТЕМ - ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
МЕНУВАЧ - ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ