Најдолу на табелата е RP19, болидот на Рејсинг Поинт и Торо Росо, STR14, кој немаше некоја поголема промена во изгледот од минатата сезона.
SF90 е првиот болид на Ферари кој има мат изглед, наместо традиционалниот металик изглед. Резултатот на тоа е болид со поагресивен, поуникатен изглед, и се тоа беше забележано од страна на фановите на официјалната страница на Формула 1.
Гласале вкупно 54.002, а болидот на Ферари доби поддршка од 21% од учесниците. Новата црно-златна комбинација на Хас, VF-19, се пласираше на второто место во генералниот пласман, заедно со Алфа Ромео, C38, со по 17% поддршката на фановите.
РЕЗУЛТАТИ
Ферари - SF90 - 21%
Хас - VF-19 - 17%
Алфа Ромео - C38 - 17%
Мерцедес - W10 - 12%
Мекларен - MCL34 - 11%
Вилијамс - FW42 - 6%
Рено - R.S.19 - 6%
Ред Бул - RB15 - 6%
Торо Росо - STR14 - 3%
Рејсинг Поинт - RP19 - 2%