Тимските шефови денес имаа специјален состанок во Шпилберг, на кој се разговарало за состојбата со 2019 гумите на Пирели и враќање кон 2018 спецификацијата. Пет тимови биле против враќањето на минатогодишната спецификација на гуми, што значи дека нема да има никакви промени на овој план.
Идејата за враќање на минатогодишните гуми беше промовирана од страна на Кристијан Хорнер, тимскиот шеф на Ред Бул, но и други тимови исто така не се задоволни со начинот на кој работат гумите на Пирели во оваа сезона.
Проблемот е толку сериозен што неименуван инженер на еден од нив рече: "Нема смисла да се воведуваат технички иновации, бидејќи нивните перформанси се многу зависни од тоа дали гумите работат или не. Понекогаш успевате да дојдете во вистинскиот опсег, понекогаш и не, и никој не знае зошто."
На денешната средба, на која присуствуваа сите тимски шефови, претставници на Пирели, ФИА, Формула 1 и возачите Себастијан Ветел, Чарлс Леклер, Луис Хамилтон и Роман Грожан, кои немаа право да гласаат.
За да можеше да поминат предложените измени, потребни беа барем седум гласови ЗА, но резултатот бил 5:5. ПРОТИВ гласаа Мерцедес АМГ, Вилијамс, Рејсинг Поинт, како и Мекларен и Рено.
Позицијата на Рено предизвика изненадување на присутните на состанокот, а се шпекулира дека иако и нив не им одговараат, добро е што повеќе не им одговараат на Ред Бул, па тука гледаат шанси да ги стигнат на табелата кај конструкторите.
Главната разлика од 2018 година е во тоа што сегашните гуми на Пирели се само 0,4мм потенки. Досега, само Мерцедес АМГ и Мекларен научија како да ги загреат до работната температура и, што е поважно, да ги задржат во овој опсег.
Кога стана јасно дека договорот за враќање на старите гуми нема да успее, Себастијан Ветел изјави: "Да гласаме за да не гласаме за какви било проблеми, туку наместо тоа, да му ја предадеме целосната моќ на Рос Браун."
Сепак, во секој случај, дури и ако денес беше донесена поинаква одлука, тимовите веќе ги имаат порачано гумите заклучно со Големата Награда на Јапонија, плус од Пирели кажале дека едноставно немаат време да подготват нова спецификација пред Големета Награда на Мексико, т.е. на само четири трки до крајот на сезоната.
ТИМСКИТЕ ШЕФОВИ ГЛАСАА ДА НЕМА ПРОМЕНА НА 2019 ГУМИТЕ НА ПИРЕЛИ
6/28/2019 04:28:00 PM
0
Tags
Share to other apps