Валтери Ботас беше на врвот на табелата на почетокот на сесијата кога возачите беа на медиум, жолтите гуми и кога се започна со префрлање на црвените гуми за квалификациски симулации, прв во бариерите заврши Макс Верстапен.
Холанѓанецот се уште беше на жолтите гуми со кои ја започна сесијата кога го загуби задниот дел на болидот на влез во финалниот 10-ти свиок. Ја премина целата зона на излетување исполнета со чакал, и имаше силен удар во заштитните бариери со задниот дел од неговиот RB15, предизвикувајќи значителна штета. Верстапен не беше повреден во инцидентот, а неговиот болид беше брзо отстранет од патеката.
Само што беше сесијата рестартирана и возачите се подготвуваа за своите брзи круга, повторно беа прикажани црвените знамиња, овој пат причинителот беше Валтери Ботас, кој ја загуби контролата врз својот болид во 6-от свиок.
Возачот на Мерцедес АМГ се обиде да ја поправи грешката, но неговиот W10 беше непослушен и со прилично голема брзина заврши во заштитната бариера. Г-сензорот во неговиот кокпит се активираше, па Финецот мораше на превентивен преглед во медицинскиот центар, од каде беше експресно потврдено дека е се ОК.
Неговиот инцидент го спречи тимскиот колега, Луис Хамилтон, да добие чист брз круг и тој заврши со четврто најбрзо време, поставено на белите тврди гуми.
Двајцата возачи на Ферари успеаја да ги комплетираат своите брзи кругови, но Себастијан Ветел имаше уште еден драматичен момент, кога пребрзо влезе во последниот свиок по што изгуби контрола врз Ферарито.
Четирикратниот шампион се лизгаше низ заштитната зона, исполнета со чакал, и имаше среќа да застане паралелно со бариерите и без оштетувања на болидот.
Остануваше Леклер да го забележи најбрзото време, иако и тој беше под развеани жолти знамиња во последниот, 10-ти свиок, во што и успеа со време од 1:05.086, доволно добро за врвот на табелата.
Валтери Ботас го имаше второто место со забележаното време на жолтите гуми, три десетинки побавно од Леклер, додека Пјер Гасли им даде на домашниот тим Ред Бул малку радост со третото место.
Французинот забележа време за 0.401 делови од секундата побавно од Моначанецот. Гасли, исто така, имаше патување низ чакал покрај 4-от свиок за време на сесијата.
Карлос Саинц Јр. со болидот на Мекларен беше петти најбрз пред Роман Грожан од Хаас. Кими Раиконен го освои седмото место пред Ветел и Верстапен, а топ 10 пласманот беше заокружен од Ландо Норис во вториот Мекларен.
Викендот во Австрија продолжува со саботниот тренинг, од 12:00-13:00 часот, по кој следуваат Квалификаците од 15:00 часот по македонско време. Директен пренос на ТВ 24Вести.
ВИДЕО РЕЗИМЕ
2019 АВСТРИЈА ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:05.086 | 37 | |
2 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:05.417 | + 0.331 | 12 |
3 | Пјер Гасли | Ред Бул | 1:05.487 | + 0.401 | 33 |
4 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГРед Бул | 1:05.529 | + 0.443 | 43 |
5 | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:05.545 | + 0.459 | 44 |
6 | Роман Грожан | Хас | 1:05.701 | + 0.615 | 38 |
7 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:05.728 | + 0.642 | 37 |
8 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:05.871 | + 0.785 | 34 |
9 | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:05.879 | + 0.793 | 13 |
10 | Ландо Норис | Мекларен | 1:05.952 | + 0.867 | 48 |
11 | Кевин Магнусен | Хас | 1:05.960 | + 0.874 | 41 |
12 | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:05.964 | + 0.878 | 43 |
13 | Алекс Албон | Торо Росо | 1:06.064 | + 0.978 | 46 |
14 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:06.119 | + 1.033 | 37 |
15 | Даниел Квјат | Торо Росо | 1:06.148 | + 1.062 | 38 |
16 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:06.249 | + 1.163 | 27 |
17 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:06.418 | + 1.332 | 30 |
18 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:06.829 | + 1.743 | 40 |
19 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:07.217 | + 2.131 | 27 |
20 | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:08.508 | + 3.422 | 38 |
ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА - РЕД БУЛ РИНГ 2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:09.542 2015 Себастијан Ветел - Ферари - 1:09.600 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:07.967 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:05.483 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:04.579 2019 Чарлс Леклер - Ферари - 1:05.086 |
|||||
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |