Добрата страна на Ред Бул Ринг е фактот дека патеката оди нагоре и надолу, што е голема забава за возачот, додека "маната" е што главните области на сопирање се на нагорнина, што го прави претекнувањето особено тешко. Затоа како помош возачите од минатата година имаат три ДРС зони.
Таа е спој на брзи правци со бавни и средно брзи свиоци, т.е. основата ја чинат 4-те правци кои завршуваат со остри свиоци, што значи дека добрата тракција и максималната брзина на правците се главните фактори за што побрз круг.
Главната можност за претекнување е третиот свиок (Ремус), каде што возачите по наглото сопирање се движат низ овој свиок во прва или втора брзина. Како контраст на него е 9-от свиок (Ринт), кој возачите го поминуваат во шеста брзина и ги бараат лимитите на нивниот болид и нивната решителност.
Ред Бул Ринг е една од најиндивидуалните патеки во шампионатот, која бара многу од гумите во однос на механички грип и перформанси, па затоа црвените гуми се убедливо најфаворизиран избор помеѓу возачите, во однос на жолтите и белите гуми на Пирели. Смешите номинирани за овој викенд се C2, C3 и C4, што значи дека ќе ја немаме C5 смешата, најмеката од сите, користена минатата година.
Победата во Франција придонесе Луис Хамилтон да ја зголеми уште повеќе својата предност во шампионатот на возачи, во однос на својот тимски колега, која сега изнесува 36 поени. Себастијан Ветел е далеку назад на третото место со 111 освоени поени.
Кај Шампионатот на Конструктори, Мерцедес АМГ е убедлив на врвот со 338 поени, 140 повеќе од Ферари, тим кој досег асобра 198 поени, додека Ред Бул е на третото место со 137 поени.
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ВИКЕНДОТ | |||
СЕСИЈА | ВРЕМЕ | ПРОГНОЗА | |
ТРЕНИНГ 1 | 11:00-12:30 MK | Сончево, 24/31°C | |
ТРЕНИНГ 2 | 15:00-16:30 MK | Сончево, 29/31°C | |
ТРЕНИНГ 3 | 12:00-13:00 MK | Сончево, 24/31°C | |
КВАЛИФИКАЦИИ | 15:00-16:00 MK | Сончево, 28/30°C | |
0% шанси за дожд | |||
ТРКА | 15:10 MK | Претежно Сончево, 32/35°C | |
0% шанси за дожд | |||
Извор: Accuweather | |||
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |