Големата Награда на Австрија е прва последователна трка во 2019 календарот на Формула 1. Ред Бул ринг се наоѓа на планината Стирија и е една од највисоките патеки на 600 метри надморска височина. Променливата елевација обезбедува спектакуларно чувство, па е многу популарна кај возачите и покрај краткиот круг.
Tото Волф за трката во Австрија: "Нашиот резултат на минатогодишнoто Aвстрискo Гран При беше најголемото разочарување на сезоната 2018. Двојно откажување по обезбедување на првиот стартен ред, значеше дека оставивме многу поени на масата. Трката беше суров потсетник колку брзо работите можат да тргнат наопаку во нашиот спорт и дека издржливоста и перформансите одат рака под рака во Формула 1."
"Годинава, нашиот процент на завршени трки е добар, но би било невнимателно да се игнорира фактот дека два викенди по ред, нашите механичари мораа да изведат еквивалент на "операција на отворено срце" на нашите болиди. Ние се соочивме со бројни проблеми за различни компоненти, од кои секоја можеше лесно да нѐ доведе до откажување, така што треба да ги надминеме тие предизвици што е можно побрзо."
"Временската прогнозата за Австрија предвидува температури од 30 степени целзиусови и повеќе, што во комбинација со намалената густина на воздухот што се должи на надморска височина на патеката Ред Бул ринг, може да значи дека ладењето би можело да стане вистински предизвик во Шпилберг."
"Ако на тоа го додадеме краткиот круг, а со тоа и малите разлики, нашата цел е јасна: треба да продолжиме да работиме внимателно, да останеме смирени и да дадеме сè од себе за да направиме подобра работа отколку што успеавме пред 12 месеци."
ТОТО ВОЛФ ЗА ТРКАТА ВО АВСТРИЈА
6/25/2019 10:40:00 PM
0
Share to other apps