Макс Верстапен самоуверено ја вози тековната сезона, нема поголеми возачки грешки и редовно е понапред во трка во однос на барем еден од возачите на Ферари. Во тимот на Ред Бул се задоволни од својот возач, но се загрижени дека тој може да го промени тимот.
Според информациите на Шпанска Марка, во договорот на Холанѓанецот постои клаузула која му овозможува да го напушти тимот на Ред Бул, ако болидот не му овозможи да се бори за добри резултати. Имено, Верстапен ќе може да започне да преговара со други тимови, ако не забележи победа до Големата Награда на Унгарија.
За да спречи тоа да се случи, Ред Бул активно ги поттикнува дизајнерите на Хонда да преземат ризици и поактивно да подготвуваат надградби. Во Монца, тимот треба да ја добие четвртата верзија на ПЕ, која ќе биде основа за новата 2020 ПЕ на Хонда. Ако надградбите не го обезбедат посакуваниот напредок, Верстапен ќе може да започне преговори со Мерцедес АМГ или со Ферари за 2020 година.
ОТВОРЕНА СЕЗОНАТА НА ЛОВ ПО МАКС ВЕРСТАПЕН?!?
6/28/2019 09:41:00 PM
0
Share to other apps