Силверстоун е домашна трка за повеќето Формула 1 тимови, па дури и Хас има европска база во близина на патеката. Повеќето членови на тимовите може да доаѓаат на патеката од своите домови, но сепак тоа не е случај поради сообраќајниот метеж.
Силверстоун е брзa, флуидна пaтека која e комбинација од брзи свиоци на почетокот и голем број на бавни свиоци кон крајот на кругот. Maggots, Becketts and Chapel се издвојуваат како едни од најсложените комбинациии на свиоци во шампионатот.
Патеката е изградена на воен аеродром и е на ветровито место, со налети на ветер кои често може да го нарушат балансот на болидите. Временските услови во Силверстоун историски гледано се многу неконзистентни. Често се случувало да има дожд во некоја фаза на тркачкиот викенд.
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ВИКЕНДОТ | |||
СЕСИЈА | ВРЕМЕ | ПРОГНОЗА | |
ТРЕНИНГ 1 | 11:00-12:30 MK | Претежно Сончево, 18/21°C | |
ТРЕНИНГ 2 | 15:00-16:30 MK | Претежно Облачно, Дожд, 21/23°C | |
ТРЕНИНГ 3 | 12:00-13:00 MK | Претежно Облачно, 19/20°C | |
КВАЛИФИКАЦИИ | 15:00-16:00 MK | Претежно Облачно, Дожд, 20/21°C | |
51% шанси за дожд | |||
ТРКА | 15:10 MK | Претежно Облачно, 19/21°C | |
0% шанси за дожд | |||
Извор: Accuweather | |||
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
Постојат многу брзи свиоци кои овозможуваат одлични можности за претекнување. Возачите можат да пренесат многу брзина во нив, но, исто така, и да се движат по различни линии при нивното поминување и при излезот, што во суштина е она што доведува до претекнување.
Третата ДРС-зона што минатата година беше во корелација со пит-линијата е отстранета, па за оваа сезона ќе имаме само две ДРС-зони на Силверстоун.
За разлика од патеките како што на пример е Барселона, постојат многу малку зони на силно сопирање каде што може брзо да се наполнат акумулаторите на ЕРС-системот.
Ова значи дека, тимот што има ефикасен ЕРС-систем и при собирање на кинетичката енергија и при имплементирање на неговата енергија, толку побрзи ќе бидат нивните болиди.
Силверстоун е еден од најлесните патеки во Ф1 календарот за сопирање, но една од најтешките за гумите. Затоа по трет пат оваа година, по Бахреин и Шпанија, Пирели се реши да ги номинира трите најтврди смеши во својот асортиман, т.е. C1, C2 и C3, како бели тврди, жолти медиум и црвени меки гуми во Силверстоун.
Во пракса тоа значи дека се донесени истите смеши како и минатата година, кои што треба да бидат најдобрата опција за брзите свиоци на оваа патека кои што се меѓу најоптоварувачките за гумите во календарот, заедно со патеките како СПА и Сузука.
Со новиот асфалт и променливите временски услови, дефинитивно ќе има неколку непознати за оваа година, кои ќе треба да бидат решени со собирање податоци на петочните тренинг сесии, со цел да се дојде до најдобрата стратегија за трката.
Минатогодишното реасфалтирање на патеката не беше оценето како успешно од возачите и тимовите, покрај нерамнините патеката имаше големи проблеми и со дренажата(Откажана 2018 МотоГП трката), па организаторите се решија за ново реасфалтирање на оваа година. Разбирањето на новата површина од страна на тимовите ќе биде една од нивните главни задачи овој викенд, со цел идеално подесување на болидот.
Оваа промена на организаторите, покрај останатите фактори, им донесе продолжување на нивното опстојување во Ф1 календарот до 2024 година. Браво за постигнатиот договор, затоа што алтернативата беше ужасна - нова улична трка во Лондон.
На оваа патека Пол позицијата не е од големо значење. Во текот на изминатите 21 трки возачот што стартувал од првата позиција само 6 пати бил Победник. Луис Хамилтон е еден од ретките возачи на кого му успеало тоа.
Доближувајќи се до среднината од 2019 сезоната, Луис Хамилтон доаѓа на неговата домашна трка со водство од 31 поен разлика во генералниот пласман на возачите, во однос на својот тимски колега, Валтери Ботас.
Претходната Победа во Австрија го донесе Макс Верстапен до третото место со 126 поени, три повеќе од Себастијан Ветел.
Иако 25-те поени што ги освои Мерцедес АМГ во Австрија го претставуваат нивниот најнизок збир оваа сезона, сеуште се неприкосновени лидери во Шампионатот на конструкторите.
Сребрените Стрели во Силверстоун пристигнуваат со 363 поени, 135 повеќе од второпласираниот тим на Ферари. Во меѓувреме, победата на Ред Бул на нивната домашна трка во Австрија го донесе овој тим малку поблиску до Ферари и тие сега заостануваат 59 поени зад Италијанската екипа. Мекларен е на четвртото место со релативно големи 20 поени предност до петто пласираниот тим на Рено.