Тоа беше 53-та Победа за Германецот во неговата Ф1 кариера. Одлуката на инженерите на Ферари на крајот од првиот стинт, Германецот да влезе во бокс за промена на гуми, наместо водечкиот во трката Чарлс Леклер, го донесе третопласираниот Ветел на водечката позиција, прескокнувајќи го второпласираниот Мерцедес АМГ на Луис Хамилтон и водечкиот во тие моменти, Чарлс Леклер.
Инженерите на Мерцедес АМГ со прва поголема грешка оваа сезона, оставаји го Британецот на патеката дури со 26-от круг. По преземањето на водството, Ветел успешно преброди три периоди на безбедносно возило за да ја забележи Победа, прва по Белгиското Гран При минатата година.
На стартот од трката, најбрзите шест возачи го поминаа првиот свиок по следниот редослед: Чарлс Леклер, кој стартуваше од Пол позицијата беше во водство пред Хамилтон, кој успешно се одбрани од нападите на Себастијан Ветел. Четвртопласиран беше Макс Верстапен, пред Валтери Ботас и Алекс Албон.
Зад нив Нико Хулкенберг се судри со Карлос Саинц Јр. по што двајцата се спуштија надолу во задниот дел на поредокот. Тоа му овозможи на Ландо Норис да се пробие на седмото место пред болидот на Алфа Ромео, со Антонио Џовинаци во кок-питот, Хас-от на Кевин Магнусен и 10-то пласираниот во тој момент Пјер Гасли со Торо Росо.
Следуваше мирен период во трката кога се беше насочено кон менаџирање на Пирели пневмативците, се до 19-ор круг и влегувањето во бокс на Себастијан Ветел, кој беше првиот од водечките што се реши за промена на гуми, потег кој веднаш беше проследен и од Макс Верстапен.
Леклер беше следен, но по неговата посета на механичарите, тој на патеката излезе зад неговиот тимски колега Себастијан Ветел, што предизвика негово големо разочарување.
Сега Луис Хамилтон ја предводеше трката, а неговите инженери и покрај што тој најави дека неговите гуми не се добри, го оставија на патеката до 26-от круг. Кога се врати на патеката, тој излезе зад Макс Верстапен.
За прв пат во својата Ф1 кариера на водечката позиција се најде Антонио Џовинаци со Алфа Ромео, пред Пјер Гасли со Торо Росо на второ место, и Даниел Рикиардо на трето, но тие сеуште требаше да ги посетат своите механичари.
Ветел беше решен да забележи Победа и не чекаше нивно заминување во бокс, па ги престигна сите тројца на самата патека, преземајќи дури и ризични потези, враќајќи го водството во 30-от круг од трката.
Леклер и Верстапен го следеа Германецот и кога трката дојде во помирни води, Ветел беше пред неговиот тимски колега со предност од шест секунди, Верстапен заостануваше дополнителни три секунди на третото место. Хамилтон сега беше четврти.
Трката беше неутрализирана во 35-от круг, кога Роман Грожан направи хаос на патеката по амбициозниот обид за престигнување на Вилијамсот на Џорџ Расел низ 8-от свиок, по што младиот Британец завршуви во заштитните бариери покрај патеката.
Безбедносното возило ја напушти патеката на крајот од 40-от круг, а рестартот не донесе промени во Топ 10 пласманот. Зелените знамиња траеја само три круга, кога на Серџо Перез му беше кажано да го запре болидот на патеката, поради поголем дефект, што доведе до второ распоредување на безбедносното возило.
По вториот рестарт на трката на крајот од 47-от круг, немаше промени во поредокот, но, БВ, повторно по три круга се врати на патеката, по судирот на Квјат со Раиконен во првиот свиок.
Овој пат БВ претстојуваше пократко и веќе во следниот 51-ви круг имавме трет рестарт на трката. Ветел повторно добро го одбрани водството и во текот на последните 10 круга полека почна да се оддалечува од неговиот тимски колега за на крајот да ја забележи својата 53-та Победа во кариерата и негова прва победа од Белгија минатата година.
Чарлс Леклер и Макс Верстапен го комплетираа Победничкиот Подиум, додека Луис Хамилтон остана на четвртото место пред Валтери Ботас и Алекс Албон на 6-тото место втора трка по ред.
Зад Британскиот Тајланѓанец беше Ландо Норис со Мекларен, пред Пјер Гасли и Нико Хулкенберг. Последниот поен на трката му припадна на Антонио Џовинации тимот на Алфа Ромео.
2019 СИНГАПУР ГРАН ПРИ - МАРИНА БЕЈ 61 круга, 308.706км., Време: Суво/Ноќна трка |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
1. | Себастијан Ветел | Ферари | 1ч58:33.667 |
2. | Чарлс Леклер | Ферари | + 2.641 |
3. | Макс Верстапен | Ред Бул | + 3.821 |
4. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | + 4.608 |
5. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 6.119 |
6. | Алекс Албон | Ред Бул | + 11.663 |
7. | Ландо Норис | Мекларен | + 14.769 |
8. | Пјер Гасли | Торо Росо | + 15.547 |
9. | Нико Хулкенберг | Рено | + 16.718 |
10. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 17.855 |
11. | Роман Грожан | Хас | + 35.436 |
12. | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | + 35.974 |
13. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | + 36.419 |
14. | Даниел Рикиардо | Рено | + 37.660 |
15. | Даниел Квјат | Торо Росо | + 38.178 |
16. | Роберт Кубица | Вилијамс | + 47.024 |
17. | Кевин Магнусен | Хас | + 1:26.522 |
НАЈБРЗ КРУГ: КЕВИН МАГНУСЕН - 1:42.301 | |||
БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
18. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | судир |
19. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | дефект |
20. | Џорџ Расел | Вилијамс | судир |
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 2ч00:04.795 2015 Себастијан Ветел - Ферари - 2ч01:22.118 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч55:48.950 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 2ч03:23.544 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч51:11.611 2019 Себастијан Ветел - Ферари - 1ч58:33.667 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
***ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ПО 15/21 ТРКИ*** | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Луис Хамилтон | 296 | |
2. | Валтери Ботас | 231 | |
3. | Чарлс Леклер | 200 | |
4. | Макс Верстапен | 200 | |
5. | Себастијан Ветел | 194 | |
6. | Пјер Гасли | 69 | |
7. | Карлос Саинц Јр. | 58 | |
8. | Алекс Албон | 42 | |
9. | Даниел Рикиардо | 34 | |
10. | Даниел Квјат | 33 | |
11. | Нико Хулкенберг | 33 | |
12. | Ландо Норис | 31 | |
13. | Кими Раиконен | 31 | |
14. | Серџо Перез | 27 | |
15. | Ленс Строл | 19 | |
16. | Кевин Магнусен | 18 | |
17. | Роман Грожан | 8 | |
18. | Антонио Џовинаци | 4 | |
19. | Роберт Кубица | 1 | |
20. | Џорџ Расел | 0 | |
КОНСТРУКТОРИ: | |||
1. | Мерцедес АМГ | 527 | |
2. | Ферари | 394 | |
3. | Ред Бул | 289 | |
4. | Мекларен | 89 | |
5. | Рено | 67 | |
6. | Торо Росо | 55 | |
7. | Рејсинг Поинт | 46 | |
8. | Алфа Ромео | 35 | |
9. | Хас | 26 | |
10. | Вилијамс | 1 |