Денес, по првичните шпекулации дека тимот на Мекларен ќе премине на Мерцедес ПЕ, од Вокинг пристигна и официјално соопштение дека тимот од 2021 година ќе биде придвижуван од Мерцедес ПЕ, барем до 2024 сезоната. Според овој договор Мекларен е тим-клиент на Мерцедес-Бенц за прв пат од 2014 година.
Зак Браун, извршен директор на Мекларен, коментира: "Овој договор е важен чекор во нашиот долгорочен план за враќање на успехот во Формула 1. Мерцедес е репер, и како тим и како ПЕ, така што, нормално е дека би сакале да ги обезбедиме нивните погонски единици за следната фаза од нашето постоење."
"Оваа објава ја отсликува довербата на нашите акционери и е важна порака до нашите инвеститори, вработените, партнерите и фановите дека сме посветени да го вратиме Мекларен на врвот од табелите во Формула 1."
Андреас Зajдл, тимски шеф на Мекларен, коментираше: "2021 година ќе биде важна пресвртница за нас како тим бидејќи го продолжуваме нашиот долгорочен план за равој на болидот и од витално значење е да ги имаме најдобрите основни елементи, за да можеме правилно да се подготвиме за новата ера на спортот. Рено останува ценет партнер, како и сериозен конкурент и ние со нетрпение очекуваме да ги продолжиме нашите односи до крајот на оваа сезона и следната."
Тото Волф, шеф на Мерцедес-Бенц Моторспорт, заклучи: "Задоволни сме од фактот што тимот на Мекларен реши да се придружи на тркачкото семејство на Мерцедес-Бенц со овој нов договор за снабдување со погонски единици. Иако двата бренда имаат заедничка престижна историја, овој нов договор е поглед кон нова иднина и старт на нова ера на соработка."
"Во последните неколу сезони тимот на Мекларен полека ги составува сите коцки на мозаикот, вклучувајќи ги импресивните настапи во оваа тековна Ф1 сезона со погонските единици на Рено. Се надеваме дека овој нов долгорочен договор означува уште една пресвртница за Мекларен на патот до најбрзите тимови во врвниот мотоспорт, вклучително и нашиот фабрички тим, Мерцедес АМГ."
ОФИЦИЈАЛНО: МЕКЛАРЕН СЕ ВРАЌА НА МЕРЦЕДЕС-БЕНЦ ПЕ ОД 2021 ГОДИНА
9/28/2019 11:09:00 AM
0
Share to other apps



