Фаворизираниот Луис Хамилтон, успеа да се доближи само на 0.191 делови од секундата до Моначанечот, но повторно беше побрз од Себастијан Ветел, кој бележеше извонредни времиња, но кога беше најважно, повторно погреши, со тоа овозможувајќи му старт од првиот ред на Британецот.
Мекларен ја доби битката во средината на поредокот, со тоа што Карлос Саинз Јр. беше седми најбрз, пред Даниел Рикиардо и Нико Хулкенберг со болидите на Рено. Германецот беше за 0.065 делови од секундата побрз од вториот Мекларен на Ландо Норис, кој по првите брзи круга беше шести, но не се подобри доволно во неговиот последен круг.
Возачот на Рејсинг Поинт, Серџо Перез, скокна на 11-тата позиција на крајот на Q2 и за четири стотинки не успеа да го победи Хулкенберг за место во финалната Q3 сесија. Мексиканецот има казна од пет места за промена на менувачот, благодарение инцидентот на третиот тренинг, што значи дека во моментов е предвидено да стартува од 16-та позиција.
Антонио Џовинаци и Пјер Гасли не успеаја да се подобрат во своите втори брзи круга во Q2 сесијата, па ги имаа 12-тото и 13-тото најбрзо време, за десетинка покуси од времето на Серџо Перез.
Французинот преку тимското радио извести дека се борел со задниот дел на болидот за време на финалниот круг, кога и имаше блиска средба со бариерите.
Кими Раиконен се пласираше на 14-тото место, го постави своето најбрзо време при второто излегување на патеката, откако во првиот обид ги удри бариерите со двете тркала од левата страна. Возачот на Хас, Кевин Магнусен беше најспор во Q2, заостанувајќи осум десетинки зад Раиконен.
Даниел Квјат со Торо Росо беше најбрзиот од оние што беа елиминирани во Q1 сесијата, откако не успеа да го подобри своето време забележано при првиот негов нрз круг. Ленс Строл го имаше 17-тото најбрзо време, пред Хасот на Роман Грожан и возачите на Вилијамс, Џорџ Расел и Роберт Кубица.
Денешните квалификации се добра најава за интересна трка за Големата Награда на Сингапур, која започнува утре, Недела, во 14:10 часот.
2019 СИНГАПУРСКО ГП - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1. | Чарлс Леклер | Ферари | 1:36.217 | |
2. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:36.408 | + 0.191 |
3. | Себастијан Ветел | Ферари | 1:36.437 | + 0.220 |
4. | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:36.815 | + 0.596 |
5. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:37.146 | + 0.929 |
6. | Алекс Албон | Ред Бул | 1:37.411 | + 1.194 |
7. | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:37.818 | + 1.601 |
8. | Даниел Рикиардо* | Рено | 1:38.095 | + 1.878 |
9. | Нико Хулкенберг | Рено | 1:38.264 | + 2.047 |
10. | Ландо Норис | Мекларен | 1:38.329 | + 2.112 |
Q2 Најбрзо Време: Чарлс Леклер - 1:36.650 | ||||
11. | Серџо Перез** | Рејсинг Поинт | 1:38.620 | + 1.970 |
12. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:38.697 | + 2.047 |
13. | Пјер Гасли | Торо Росо | 1:38.699 | + 2.049 |
14. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:38.858 | + 2.208 |
15. | Кевин Магнусен | Хас | 1:39.650 | + 3.000 |
Q1 Најбрзо Време: Валтери Ботас - 1:37.317 | ||||
16. | Даниел Квјат | Торо Росо | 1:39.957 | + 2.640 |
17. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:39.979 | + 2.662 |
18. | Роман Грожан | Хас | 1:40.277 | + 2.960 |
19. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:40.867 | + 3.550 |
20. | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:41.186 | + 3.869 |
* Исклучен од Квалификациите ** 5 стартни места, промена на менувач 107% време: 1:44.129 |
||||
ХИБРИДНА ЕРА - МАРИНА БЕЈ
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:45.681
2015 Себастијан Ветел - Ферари - 1:43.885
2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:42.584
2017 Себастијан Ветел - Ферари - 1:39.491
2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:36.015
2019 Чарлс Леклер - Ферари - 1:36.217
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |