Два проблеми го одбележаа првиот тренинг, почитување на лимитите на патеката и големите нерамнини на патеката. Првиот не е ништо ново, но што се однесува до нерамнините, тие предизвикаа неколку загрижени радио-коментари и многу искри. Но, позагрижувачки, тие исто така предизвикаа да отпаднат делови од болидот на Хас.
Чарлс Леклерк изгуби доста време во својата гаража, откако неговите механичари открија проблем со педалот за гас, додека Николас Латифи нема баш среќа на неговите тренинг сесии, кога по само 7 комплетирани круга мораше да се повлече од патеката, поради проблем со менувачот, по што акцијата за него беше завршена.
Луис Хамилтон забележа 4-то најбрзо време, кога конечно се реши да премине на црвените гуми, но тоа беше избришано, како потсетување на возачите дека нивните времиња за време на квалификациите ќе бидат избришани, доколку сензорите кои се поставени на свиоците 13 и 19 алармираат дека болидот со сите свои четири тркала излегол надвор од патеката. На своја кожа тоа го почувствува и Чарлс Леклерк во болидот на Ферари. Избришаното време на Моначанецот беше за 0.069 делови од секундата побавно од тоа на Макс Верстапен.
Ова беше прва сесија каде беа испробани 2020 прототиповите гуми на Пирели. Возачите на Мерцедес АМГ избраа да го поминат поголемиот дел од сесијата на нив, да научат и да соберат што повеќе податоци за следната сезона, додека другите беа повеќе заинтересирани да работат на подесувањето на болидите за утрешните квалификации.
Предпладневниот Тренинг се одржа во прилично ладно временски услови, само 11 степени целзиусови, па така порелна слика за распоредот на силите ќе очекуваме за време на вториот тренинг кој започнува во 21:00 часот по македонско време.
| 2019 САД ГП - ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:34.057 | 26 | |
| 2 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:34.226 | + 0.169 | 30 |
| 3 | Алекс Албон | Ред Бул | 1:34.316 | + 0.259 | 28 |
| 4 | Пјер Гасли | Торо Росо | 1:35.008 | + 0.951 | 32 |
| 5 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:35.263 | + 1.206 | 29 |
| 6 | Роман Грожан | Хас | 1:35.356 | + 1.299 | 24 |
| 7 | Чарлс Леклерк | Ферари | 1:35.380 | + 1.323 | 23 |
| 8 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:35.439 | + 1.382 | 32 |
| 9 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:35.586 | + 1.529 | 31 |
| 10 | Кевин Магнусен | Хас | 1:35.659 | + 1.602 | 23 |
| 11 | Даниел Квјат | Торо Росо | 1:35.661 | + 1.604 | 31 |
| 12 | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | 1:35.723 | + 1.667 | 26 |
| 13 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:35.854 | + 1.797 | 22 |
| 14 | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:35.971 | + 1.914 | 29 |
| 15 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:36.037 | + 1.980 | 26 |
| 16 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:36.124 | + 2.067 | 24 |
| 17 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:36.159 | + 2.102 | 40 |
| 18 | Ландо Норис | Мекларен | 1:36.263 | + 2.206 | 23 |
| 19 | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:37.948 | + 3.891 | 28 |
| 20 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:41.112 | + 7.055 | 7 |
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:39.941 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:53.989 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:37.428 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:36.335 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:47.502 2019 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:34.057 |
|||||
| @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||||




