Викендот во Остин започна со прес-конференција со учество на Чејс Кери, Извршниот директор на Формула 1, Никола Томбазис, Техничкиот директор, Рос Браун, Спортскиот директор на Ф1 и Претседателот на ФИА, Жан Тод, на која беа објаснети новите регулативи.
Сите промени се носат за поголема борба на патеката, поизедначени перформанси на Ф1 тимовите, како и постигнување спортска и економска стабилност на Формула 1.
За прв пат во историјата на Формула 1 ќе се воведе ограничување на трошоците, 175 милиони долари по сезона, со тоа настојувајќи да стане значајно колку ефикасно се трошат парите, наместо колку се троши. Ќе се настојува да се обезбеди поправилна распределба на приходите за сите учесници и потенцијалните нови тимови. Оваа сума ги вклучува сите трошоци освен маркетингот, платите на возачите и тројцата водечки вработени.
Шампионат кој ќе остане највисока категорија на мотоспортот и ќе биде идеална околина за демонстрација на напредни технологии. Новите правила ќе бидат надополнети со нов пристап кон управувањето со спортот, како и со новата структура за распределување на приходите, што ќе овозможи спортот да се развива и да расте и покрај зајакнувањето на неговиот деловен модел.
Денес беа одобрени техничките и спортските регулативи за 2021 година и контролата на трошоците, додека договорите за учество во Ф1 Шампионатот и распределбата на профитот е во напредна фаза. Според Чејс Кери тоа ќе бидат 10 индивидуални договори со секој тим.
Болидите во 2021 година ќе бидат дизајнирани и конструирани според фундаментално различна филозофија и ќе станат 3-3.5 секунди побавни од денешните, на ниво на брзината на 2016 болидите.
Регулативата за аеродинамиката сериозно ќе се промени, што ќе овозможи поблиско следње на болидот кој напаѓа. Болидите ќе имаат ниско профилни гуми на 18-инчни тркала со LED индикатори. LED дисплеите исто така ќе се појават на каросеријата на болидите.
Тимовите нема да можат да ги менуваат болидите за време на тркачкиот викенд, ќе се намали бројот на надградби кај аеродинамиката во текот на сезоната, бројот на стандардни компоненти и делови ќе се зголеми, а бројот на замени за некои компоненти ќе биде ограничен.
Ќе има мали, но значителни промени во форматот на тркачкиот викенд. Тој ќе биде "компресиран" за да се подобри искуството на фановите и да им се помогне на тимовите да се справат со продолжениот календар. Се планира бројот на трки во текот на една сезона да се зголеми на 25.
Официјалните прес конференции ќе започнуваат во петок пред почетокот на тренинг сесиите, додека болидите ќе треба да бидат во нивната тркачка верзија од почетокот на саботниот тренинг. Сите делови кои ќе бидат во нивна тест верзија, ќе треба да бидат отстранети во овој момент.







