По завршените тренинг сесии, како заклучот може да се изведе дека борбата за Пол позицијата ќе биде помеѓу подобрите возачи на трите најбрзи тимови во овој момент, секако со мала предност за Мерцедес АМГ.
Себастијан Ветел беше првиот возач кој имаше квалификациски брз круг, по што се најде на врвот од табелата, но тоа траеше долго. Набрзо беше симнат од неговиот тимски колега, Леклерк, кој имаше побрзо време за 0.357 секунди. Времињата по сектори покажуваа дека Ферари губи голем дел од својата предност низ за нив незгодниот финален сектор.
Следуваше интересен момент, кој може да натера многу тимови да размислуваат за тимска игра со заветрина. Луис Хамилтон го симнува Моначанецот од врвот со нови три десетинки побрзо време, но, во брз круг во кој доби многу корисна заветрина од Роберт Кубица во вториот сектор.
Роман Грожан беше единствениот што се поврза со бариерите, додека Ветел, Џовинази и Квјат имаа поголеми извртувања на разни места на патеката. Оваа патека има големи области за излетување, но сепак може да возврати кога сака.
Испакнатините на асфалтот кои предизвикаа повеќе реакции на возачите за време на пред пладневниот тренинг сега не создаваат поголеми проблеми на возачите.
Макс Верстапен беше меѓу последните возачи до квалификациски брз круг, при што забележа време за само 0.014 делови од секундата зад Леклерк, но речиси 3.5 десетинки пред Ветел.
Валтери Ботас и Алекс Албон беа најслабите возачи од Топ 3 тимовите со речиси секунда заостанување зад најбрзото време на денешните тренинг сесии.
Зад најбрзите, распоредот на силите не е многу појасен, при што Пјер Гасли заврши како најдобар од останатите. Но, со четири различни тимови од седмо до десетто место, за поредокот во средината на табелата ќе решаваат стотинки, ако не и иллјадити делови од секундата.
| 2019 САД ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:33.232 | 34 | |
| 2 | Чарлс Леклерк | Ферари | 1:33.533 | + 0.301 | 33 |
| 3 | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:33.547 | + 0.315 | 28 |
| 4 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:33.890 | + 0.658 | 35 |
| 5 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:34.045 | + 0.815 | 34 |
| 6 | Алекс Албон | Ред Бул | 1:34.434 | + 1.202 | 32 |
| 7 | Пјер Гасли | Торо Росо | 1:34.509 | + 1.277 | 31 |
| 8 | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | 1:34.667 | + 1.435 | 34 |
| 9 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:34.744 | + 1.512 | 29 |
| 10 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:34.839 | + 1.607 | 29 |
| 11 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:34.924 | + 1.692 | 29 |
| 12 | Даниел Квјат | Торо Росо | 1:34.975 | + 1.743 | 36 |
| 13 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:34.988 | + 1.756 | 32 |
| 14 | Ландо Норис | Мекларен | 1:35.025 | + 1.793 | 30 |
| 15 | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:35.109 | + 1.877 | 26 |
| 16 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:35.387 | + 2.155 | 34 |
| 17 | Кевин Магнусен | Хас | 1:35.442 | + 2.210 | 28 |
| 18 | Роман Грожан | Хас | 1:35.789 | + 2.557 | 4 |
| 19 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:36.749 | + 3.517 | 37 |
| 20 | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:37.283 | + 4.051 | 33 |
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:39.085 2015 одложен поради голем дожд 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:37.358 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:34.668 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:48.716 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:33.232 |
|||||
| @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||||





