Даг Мeкирнан, главен дизајнер: "Целиот тим во фабриката работеше напорно на болидот за 2020 година. Земајќи ги во предвид ресурсите со кои располагаме, особено внимание посветивме на разбирањето на проблематичните области од минатогодишниот FW42 и избравме да ги разиваме деловите кои ќе обезбедат најголеми перформанси."
"Главниот концепт на FW43 е континуиран развој на FW42 без фундаментални промени во изгледот на болидот. Најдобар показател за оправданоста на нашиот концепт на развој ќе биде потврдата на добиените теоретските податоци со податоците од патеката."
Адам Картер , главен инженер: "Иницијативите што ги спроведувавме ја подобрија ефикасноста на сите технички оддели на тимот, што помогна во дизајнирањето и развојот на FW43. Убаво е да се види кога напорната работа дава плод."
"За време на зимските тест сесии и во текот на сезоната, најважната проценка ќе биде напредокот на нашиот болид во однос на нашите главни ривали, додека ја одржуваме нашата рекордна изджливост."
"Веќе за неколку дена ќе ја видиме брзината на болидот во еден круг и на подолги патеки. Возачие, вработените во тимот на патеката и во базата во Гроув ќе го проценат темпото на болидот и ќе се преземат сите можности за што подобро наше претставување на првата трка од 2020 сезоната во Австралија."